Тивките луѓе имаат најгласни мисли: 11 ситуации кои ќе ги разберат само срамежливите личности

Тивките луѓе имаат најгласни мисли: 11 ситуации кои ќе ги разберат само срамежливите личности

Срамежливите луѓе зборуваат само кога се сигурни дека изговорените зборови ќе звучат поубаво од тишината. Доколку сте една од оние слатки, повлечени личности кои седат сами во аголот на собата и не кажуваат ни збор, сигурно во животот сте се соочиле со овие 11 ситуации, својствени само за срамежливите личности.

Тивките луѓе имаат најгласни мисли: 11 ситуации кои ќе ги разберат само срамежливите личности

1. Мразите активности како запознавањето нови луѓе

Во текот на животот, најмногу сте ги мразеле првите денови на училиште, кога моравте да станете и да се претставите пред своите врсници и професори. Сите очи во тој момент се вперени во вас. Колку непријатно чувство.

2. Повеќепати во вашата глава ги повторувате и анализирате речениците пред да ги изговорите

Секој збор кој излегува од вашата уста, претходно сте го испробале во вашата глава. Не е важно дали зборувате со шефот, клиент, професор или пријател. Вие сметате дека подобро е зборовите да ги повторите неколку пати, отколку да се заплеткате или да кажете нешто несоодветно.

3. Марамчињата се ваш најдобар пријател

Ви се случило ли некогаш да почнат да ви се потат дланките кога зборувате со родителите на вашиот партнер или пак, кога ќе ви се обрати некој странец? Додека со вас имате марамчиња, сѐ ќе биде во ред.

4. Никогаш не би го направиле првиот чекор

Кога седите покрај непозната личност, се молите тие да почнат да зборуваат со вас, бидејќи вие немате храброст. Вашата срамежливост е виновна за многу пријателства кои никогаш не се оствариле.

5. Другите секогаш го коментираат начинот на кој зборувате

Гласот на срамежливите луѓе не е детски, ниту пак пискав како што го доживуваат другите. Нивниот глас всушност е полн со смиреност и мелодичност, без никаква назнака на фолирање.

6. Вашите вештини често предизвикуваат општо воодушевување

Поради особините кои ги опишуваат, срамежливите луѓе многу ретко дозволуваат да бидат во центарот на вниманието. Сепак, кога пред друштвото ќе покажете дел од своите можности, сите остануваат во шок.

7. Вашите образи ќе заруменат и од најмалиот комплимент на ваша сметка

Повлечените луѓе ретко, или поточно никогаш не се фалат пред своите колеги, пријатели и познаници. Благодарни сте како изгледате денес, но кога тоа ќе го забележи уште некој, лесно ќе измами црвенило на вашето лице.

8. Луѓето со кои не сте блиски ве доживуваат како недружељубива личност

Често ви се случува да оставите лош прв впечаток пред луѓето поради вашата срамежливост. Оваа особина често може да се протолкува како одбивна и непријатна за околината во која се наоѓате.

9. Вашиот лут израз на лицето е досаден

Кога сте лути или изнервирани тешко ви е да го покажете тоа. Како со зборови, така и преку изрази на лицето.

10. Уживате да ги слушате другите

Кога се наоѓате во друштво на пријателите и семејството, вие не сте тие кои зборуваат за своите искуства. Вам ви е подраго да ги сослушате другите и да покажете емпатија кон нив.

11. Длабоко во душата сте навистина нежни и добри

Зад срамежливоста се крие навистина нежна и смирена личност. Ваквите луѓе се пријатни кон околината, па не е чудно што во животот имаат многу доверливи пријатели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар