Тие покажуваат дека може да се успее: Познати дами кои се самохрани мајки
Овие дами имаат неверојатни кариери – улоги во многу успешни филмови и ТВ серии, многу хитови и се занимаваат со хуманитарна работа, додека истовремено самите се грижат за своите деца. И покрај тоа што тие се светски познати, сепак на приватен план се посветени мајки кои би дале сè за своите најмали. Погледнете ги најпопуларните ѕвезди кои покажуваат дека и самохраните мајки можат да балансираат помеѓу работата и квалитетното време поминато со своите деца.
Дениз Ричардс прави сè што е во нејзина моќ да ги заштити своите ќерки Лола и Сем од нејзиниот бурен јавен живот. И покрај тоа што е многу популарна и има огромни обврски во својата работа, сепак таа успева да поминува доволно време со своите најмали.
Кејт Винслет вели дека најмногу ужива кога поминува време со своите деца. Таа е една од најголемите филмски ѕвезди, но сепак секогаш успева да подготви појадок за нејзините најсакани.
Хали Бери исто така ужива кога поминува време со својата ќеркичка. Таа е среќна мајка и вели дека ништо не би менувала во својот живот сè додека нејзината ќерка е крај неа.
Мишел Вилијамс, дури и по смртта на својот сопруг, како и славата која постојано ја следи, нашла начин да ѝ овозможи среќно и нормално детство на својата ќерка, Матилда.
Сандра Булок е една од оние познати ѕвезди кои посвоиле дете. Таа се грижи за прекрасниот Луис и тврди дека тој е причината за најголемата среќа во нејзиниот живот.
И покрај тоа што Рис Витерспун го дели старателството над синот Дејкон и ќерката Авом со својот поранешен сопруг, сепак таа прави сè што е во нејзина моќ да не дозволи нејзините деца да се почувствуваат запоставено.