Тие ја изгубија својата голема љубов и реагираа вака…
Додека некои очајуваат да бидат во врска, на други пак им е сосема во ред да бидат сами. Зошто овие познати дами се сингл?
1. Тејлор Свифт
После репутацијата од многубројните неуспешни врски, Тејлор Свифт одлучи да се одмори од момците и да се опушти во самотијата. На листата на нејзини момчиња се најдоа многу популарни мажи, меѓу кои Ед Ширан и Хари Стајлс. Таа изјави дека нејзиниот живот е полн со пријатели и работа, и дека сега е посреќна од кога било.
„Претходно мислев дека е многу важно да пронајдеш момче. Но, сега не се чувствувам така. Сакам повеќе да се забавувам и да се впуштам во авантури“ – изјави Свифт.
2. Џенифер Лопез
Романсите со Бен Афлек и Марк Антони ја научија Лопез на важна лекција – за да пронајде среќна врска најнапред треба прво да биде среќна со самата себе.
„Не ми треба никој друг. Сакам некој… но најнапред треба да бидам среќна сама со себе. Мора да си дадете сами на себе време и простор за да се развиете и да се реализирате, да станете свој најдобар пријател и да се засакате“ – изјави Лопез во едно интервју.
Таа неодамна беше сликана со својот бивш партнер Каспер, со кој ја прекина врската бидејќи тој ја изневери со транссексуалец. Веднаш почна да се претпоставува дека овој пар повторно е заедно, но Лопез сè уште се нема огласено да го потврди ова.
3. Шејлин Вудли
Таа претходно се прашуваше колку луѓето се способни за моногамија. После раскинувањето со момчето, таа се одмара од состаноци. Како и многу сами жени, Вудли сфати дека може да има повеќе забава сама со себе.
„Цел свој живот се чувствував дека мојата среќа зависи од другите. Станав свој најдобар пријател. Тоа е најдоброто чувство кое го почувствував тој период“ – изјави Шејлин.
4. Џенифер Анистон
Во 2008 година Анистон беше свежо разведена од својата голема љубов, Бред Пит. Таа откри дека не била задоволна со третманот што го добивала поради нејзиниот тогашен статус.
„Не ги сакам девојките што кукаат и што се жалат дека немаат дечко! Никогаш не сум го сакала „Сексот и градот“, чист пример за жени кои се чувствуваат моќно само кога наоѓаат маж и тоа не ми се допаѓа. Не верувам во тоа. Не постои ништо што може да го контролирате во љубовта“ – изјави Анистон.
Сега Џенифер е среќно верена со нејзиниот колега Џастин Теру.
5. Ријана
Ријана постојано пренесува пораки до милион жени кои се посветени на кариерата и одбиваат да се одречат од таа страст поради врската.
„Немам многу време да им понудам на мажите… Не е фер да вовлечам некој во врска, па тој да ме толерира поради мојот распоред“ – рече Рири.
Нејзината бурна врска со Крис Браун беше под будно око на новинарите. Иако во врската доживеа насилство, пејачката изјави дека во односот со Крис имало и вистински емоции.
Новинарите неодамна ја поврзаа со Леонардо ДиКаприо.
6. Емилија Кларк
Нејзиното време е најголема причина зошто е сама. Таа не се срами поради тоа и не чувствува вина.
„Луѓето постојано ме прашуваат со кого излегувам, а вистината е… со никој. И тоа е во ред. Сега откривам многу работи. Како жена мислам дека во нашата природа е да угодуваме, понекогаш и по цена на нашата среќа“ – кажа Емилија.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.