Тестирајте се и откријте што вашата фантазија кажува за вашата личност
Овој тест е многу забавен, а ќе открие многу за вашите пријатели, за партнерот, за животот…
Замислете ситуација: Се движите низ пустина на камила и наеднаш гледате – коцка!
Како таа коцка изгледа?
Читајте го текстот полека, тој ќе ве води низ вашата фантазија. Размислувајте за она што ќе го видите. Пожелно е да се сконцентрирате на тоа како се чувствувате додека ја гледате коцката и останатите работи кои се во тестот, не само на нивниот изглед. Што повеќе детали забележите, толку тестот ќе биде подетален. На пример, можеби ќе замислите дека коцката е во одредена боја, бидејќи таа боја ви влева чувство на сигурност. Некој друг ќе замисли коцка во друга боја, која нему му дава мир. Иако двајца луѓе ќе замислат две различни коцки, интерпретацијата ќе биде иста – таа коцка за нив преставува мир.
1. Замислете коцка…
Колку е голема коцката? Која боја е? Колку е оддалечена од вас? Дали е јасно видлива? Можете ли да видите во нејзината внатрешност? Колку е коцката голема во споредба со пустината? Колкав ѝ е пречникот?
2. Гледате скали…
Каква боја се? Од што се направени? Колкава е оддалеченоста помеѓу скалите и коцката? Дали скалите се потпрени на коцката?
3. Гледате коњ…
Колкаво е растојанието помеѓу коцката и коњот? Каква боја е коњот? Каков впечаток ви остава? Дали е коњот врзан? Има седло?
4. Има и цвет или цвеќиња…
Колку цвеќиња гледате? Каде се наоѓа/ат цветот/цвеќињата? Каква боја се? Што чувствувате кога го/ги гледате цветот/цвеќињата?
5. Доаѓа невреме…
На која оддалеченост е невремето од коцката? Дали е голема или мала бура? Како изгледа? Поминува или се задржува?
Објаснување:
Коцка:
Коцката ве претставува вас. Она што го мислите за коцката е рефлексија на вашето мислење за себе. На пример, можеби сте замислиле коцка направена од жолт камен. Жолтата боја дава чувство на топлина, а каменот остава впечаток на сила. Тоа значи дека себеси се гледате како силна и топла личност.
Оддалеченоста помеѓу вас и коцката го претставува вашето разбирање на себеси. Ако е коцката далеку, значи дека не се познавате доволно. Ако е коцката видлива, значи дека им дозволувате на луѓето да ви се приближат и да ве запознаат.
Димензиите на коцката во однос на пустината покажуваат што мислите за себе. Колку е коцката поголема во однос на пустината, толку ви е поголемо егото. Малите димензии значат дека не се гледате само себеси и дека не сте себични.
Скали:
Скалите ги претставуваат пријателите. Ако се потпираат на коцката, значи дека вашите пријатели се потпираат на вас. Ако скалите ја поддржуваат коцката значи дека зависите од пријателите. Оддалеченоста помеѓу скалите и коцката открива колку сте блиски со пријателите. Она што го мислите за скалите е она што го мислите за пријателите, вклучувајќи ја и бојата и градбата на скалите.
Коњ:
Коњот е вашиот партнер. Ако се наоѓа блиску до коцката значи дека сте многу блиски. Ако е врзан и има седло, сакате да го контролирате. Како и претходно, вашиот впечаток за коњот е рефлексија на вашето мислење за партнерот.
Цвеќиња:
Одраз на вашето потомство, доколку го имате. Ако е цвеќето близу коцката, вие сте блиски со своите деца.
Невреме:
Таа е знак на препреки во животот. Ако е блиску до коцката, тешките моменти ви се чести во животот. Ако е мала, значи дека и препреките во животот ви се мали.
Ако тестот ве погоди, споделете го со вашите пријатели…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.