Тест за креативност: Што гледате на овој цртеж кој збуни многу луѓе?

Тест за креативност: Што гледате на овој цртеж кој збуни многу луѓе?

Дали лесно можете да откриете што прикажува овој цртеж? Само малкумина може да погодат, а за останатите тоа е зачудувачко.

Откријте дали сте високо креативна личност: Што гледате на овој цртеж кој збунува многу луѓе?

Не можете да забележите никаква форма? Обидете се повторно. Мала помош: Покријте ја со раката темната страна на фотографијата. Ако сѐ уште не погодивте или не сте сигурни дали размислувате во вистинската насока, во продолжение можете да го дознаете вистинскиот одговор.

  • Одговор

    Тоа е всушност човек со каубојска шапка!

    Откријте дали сте високо креативна личност: Што гледате на овој цртеж кој збунува многу луѓе?

На некои луѓе им било потребно цел час за да го откријат ова, додека пак оние малку среќници биле во можност за го забележат уште веднаш. Според студиите, доколку припаѓате на втората група, тогаш вие сте високо креативна личност.

Креативните процеси се сметаат за многу апстрактни и немерливи, односно, овие луѓе имаат ненадејна инспирација која доаѓа од каде било. Сепак, научниците спроведеле некои истражувања за да ги анализираат различните карактеристики кои ги имаат креативните луѓе. Она што тие го откриле е дека овие луѓе користат поголеми делови од мозокот за време на процесот на размислување. Ова им дава можност да користат повеќе асоцијации и меморија кога се обидуваат да откријат нешто. Кога гледаат во непозната фотографија, креативните луѓе побрзо ги собираат претходно познатите делови за да создадат идеја. Поради тоа, не е ни чудно што на некои луѓе оваа загатка им била многу лесна, па се прашувале што е толку тешко. Сепак, без разлика колку и да гледате во цртежот, не треба да мислите дека нешто не е во ред со вас ако забележавте лилјак или стаорец. Тоа само значи дека вие на поинаков начин ги обработувате податоците, најчесто на поформален начин, следејќи одредени правила и асоцијации, а кај креативните луѓе овој процес вклучува размислување „надвор“ од вообичаеното.

Овој цртеж не е првиот кој поттикнува дискусии за тоа како процесот на мислење влијае на начинот на кој го гледаме светот. Познатата дилема со патката и зајакот, прикажана од страна на еден американски психолог во 1899 година, претставува стартна точка за истражување на оваа тема.

Пред да продолжите со читање понатаму, застанете и погледнете го цртежот. Што гледате? Патка или зајак? Можете ли лесно да го пронајдете другото животно? Можете ли лесно да ја промените перспективата или ви е потребно повеќе напор?

Откријте дали сте високо креативна личност: Што гледате на овој цртеж кој збунува многу луѓе?

За овој цртеж, не постои точен или погрешен одговор (иако повеќето луѓе најпрво ја забележуваат патката), туку повеќе станува збор за способноста брзо да се префрлате од една на друга перцепција. Сите овие карактеристики се земаат предвид при утврдувањето дали сте високо или просечно креативна личност. Според истражувањето спроведено од страна на Ричард Вајзман со група колеги психолози на Универзитетот во Единбург, креативните луѓе всушност на поинаков начин го гледаат светот, бидејќи се во можност да ги гледаат работите од поинакви аспекти.

Користејќи го цртежот со патката и зајакот, учесниците требало да одговараат на прашања кои не се разликуваат од оние кои ги поставивме погоре. Покрај тоа, тие требало да наведат што е можно повеќе необични употреби на дадени секојдневни предмети, во краток временски период. Резултатите биле јасни: Луѓето кои можеле јасно да ја менуваат својата перцепција, дале и многу подобри намени за зададените објекти. За креативните луѓе е карактеристично што мислат на алтернативни начини и наоѓаат врска помеѓу две навидум неповрзани работи. Затоа, резултатите покажуваат дека постои разлика во тоа како високо креативните луѓе го доживуваат светот, за разлика од просечно креативните.

Па, доколку не би постоеле креативните генијалци и нивната способност да ги гледаат работите од многу различни перспективи, ние денес би биле лишени од многу откритија и иновации кои помогнале светот да стане ваков каков што го знаеме.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар