Тест за интуиција: Дали сте претерано чувствителни?

Тест за интуиција: Дали сте претерано чувствителни?

Најчесто оние кои се премногу чувствителни можат многу лесно да откријат што другите чувствуваат, како и да ги почувствуваат и предвидат идните настани, бидејќи имаат многу развиена интуиција. Па, доколку сакате да откриете дали и вие сте едни од овие луѓе, сè што треба да направите е да одговорите на следните тврдења со „да“ или „не“. Со „да“ одговарајте на оние тврдења кои помалку или повеќе важат, додека пак, со „не“ одговарајте на оние кои воопшто не важат. Доколку за некое не можете да се одлучите, прашајте личност која вас многу добро ве познава, како некој од семејството, пријателите или партнерот.

Тест за интуиција: Дали сте претерано чувствителни?

1. Многу често имам визии и претчувства за одредени настани кои потоа навистина се случуваат.

2. Можам да предвидам болест или смрт на блиска личност.

3. Често имам соништа за нешта кои подоцна се остваруваат.

4. Гледам (слушам, чувствувам) како одредени нешта од околината влијаат на мене и другите.

5. Кога доаѓам во контакт со некоја личност, чувствувам еден облик на нејзино „пресликување“ во мене.

6. Убаво ми е кога комуницирам со животните или цвеќињата.

7. Со моите секојдневни визии и фантазии секогаш сум во некоја мера поврзан/а.

8. Понекогаш нешто знам, чувствувам, гледам, забележувам, што не може логички да се објасни.

9. Често ми се случува да почувствувам страв или срам затоа што чувствувам необјасниви нешта.

10. Најголем страв ми е дека ќе полудам и дека ќе се соочам со шизофренија или психопатија.

11. Во моето семејство постојат луѓе кои имаат необјасниви способности како медиуми.

12. Како дете сум живеел/а во „свој“ свет и сум си разговарал/а со други суштества.

13. Можам да почувствувам кога околностите или луѓето ја попречуваат мојата осетлива перцепција.

14. Сакам помалку да забележувам и спознавам бидејќи толку многу чувства одеднаш не се воопшто лесни за справување.

15. Во потрага по објаснување на мојата способност за забележување, предвидување и „гледање“ на невидливото се заинтересирав за старите учења и традиции.

16. Ми се случува да премолчам нешта пред моите блиски за она што го гледам/слушам/чувствувам.

17. И најситните детали на една личност или место можат да ми овозможат да видам, чујам или почувствувам многу повеќе од другите.

18. Вештачките додатоци на оброците и хемиските состојки влијаат на намалување на мојата способност за забележување, чувствување и „гледање“ одредени нешта.

19. Кога гледам дека луѓе или животни патат, тоа премногу тешко го поднесувам.

20. Не знам како да лажам и понекогаш тешко се прилагодувам на околината.

21. Читам помеѓу редови, без разлика за каков текст се работи – книжевно дело, писмо, мејл или порака, секогаш можам да го почувствувам расположението на авторот додека пишувал.

22. Препознавам луѓе кои сакаат суптилно да манипулираат и ги избегнувам.

 

  • Одговори:

    Ако на 11 или повеќе изјави сте одговориле со „да“, тогаш постои голема шанса дека сте претерано чувствителни. Ако сте одговориле на помалку од 11 тврдења позитивно, со „да“ кое било многу цврсто, тогаш повторно има шанси да сте премногу чувствителни.

    Ако само во одредени ситуации реагирате како претерано сензитивна личност, а кога сте опуштени тоа не ви се случува, обидете се да се навратите на минатото и да се потсетите како тогаш сте го правеле тоа.

    Ако не сте сигурни како реагирате во некои од горенаведените ситуации, тогаш прашајте ги луѓето околу вас кои добро ве познаваат, со цел подобро да ги разберете вашите реакции.

    Што треба да направите ако сте претерано чувствителни?

    Оваа карактеристика истовремено може да биде и дарба и проблем. Најпрво, најважно е да се прифатите себеси и да сфатите дека со вас сè е во ред. Од целата популација на планетата постојат 15-20% луѓе со силна интуиција, па токму затоа знајте дека не сте единствени. Вие треба да сфатите дека секој човек различно го доживува светот, луѓето, околностите и општо животот, па токму затоа и секој гледа, слуша и чувствува нешто малку поразлично од другите. Доколку сте претерано чувствителни, почнете на тоа да гледате како на свој дар и искористете го на најдобар можен начин како во приватниот, така и во професионалниот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар