Тест: Вметнете ги сите важни луѓе и работи во овие кругови и откријте дали сте на добар животен пат
Дали некогаш се чувствувате како нешто да не е во ред во односот којшто го имате со вашето семејство или пријателите, но не можете да откриете што е тоа? Ако позитивно одговоривте на ова прашање, можете да ја пробате оваа техника, дизајнирана од страна на психологот Мерилин Мареј, којашто ќе ви овозможи да формирате цврсти и здрави односи со другите луѓе и да ги определите вашите вистински приоритети. Со овој едноставен тест, ќе бидете во можност да се изборите и со најкомплицираните ситуации.
За почеток, потребно е да ја нацртате оваа шема:
Впишете сè што ви е важно во круговите. Потребно е длабоко да размислите за вашиот живот и да напишете по еден поим во секој круг. Редејќи ги според вашето скалило на важност, во нив можете да ги напишете луѓето, нештата, работата или хобито што ви се важни. Најбитното нешто треба да го напишете во првиот круг, а најмалку битното во седмиот.
Во овој пример, погледнете како отприлика би требало да изгледа вашиот круг:
Прв, централен круг
Тука треба да се наоѓате вие. Доколку во него сте се напишале себеси заедно со некоја друга личност или стои само таа, наместо вас, тоа значи дека зазема голем дел од вашиот живот или вие заземате голем дел во живот на таа личност. Тоа може да биде штетно за вашето психичко и физичко здравје и понатамошен развој.
Втор круг
Ова место е предвидено само за вашиот љубовен партнер или брачен сопатник и никој друг. Овој однос треба да ви е најважен во емотивна, физичка и спиритуална смисла на зборот. Доколку моментално не сте во љубовна врска, овој круг треба да остане празен.
Трет круг
Во овој круг треба да ги напишете вашите деца, доколку тие се под 18-годишна возраст и сè уште живеат со вас во ист дом. Со нив треба да имате отворен однос и не треба да се преправате нешто што не сте. Од друга страна, не треба да го пополните овој круг доколку вашите деца се возрасни личности, постари од 18 години бидејќи не би требало да им се мешате во градењето на нивните животи.
Четврти круг
Овој круг е наменет за вашите возрасни деца или за родителите. Местото е предвидено за луѓето во вашиот живот, со коишто можете слободно да ги споделувате вашите мисли и чувства и коишто прават да се чувствувате спокојно и безбедно.
Петти, шести и седми круг
Овие кругови се наменети за вашите родини, пријатели, работно место, хобија, миленици и сите оние нешта коишто го исполнуваат вашиот живот.
Ова варијанта, често може да се сретне кај жените:
Што ни открива овој пример?
Најпрво, овој цртеж открива дека жената се наоѓа во зависен однос. Таа посветува премногу време на нејзиниот сопруг и многу малку време ѝ останува за себе.
Доколку децата се веќе возрасни личности коишто живеат свои индивидуални животи, постојат шанси тие да стојат во кругот на местото на сопругот. Во овој случај, децата или засекогаш ќе останат да живеат заедно со родителите или ќе основаат сопствено семејство што е можно порано, за да го напуштат нивниот семеен дом.
Воедно, работата е исто така лоцирана на погрешно место, бидејќи тој круг е наменет за децата. Ова е обично случајот, кај љубовните парови кои немаат деца или доколку имаат, не им обрнуваат доволно внимание затоа што се премногу фокусирани на работата.
Мајката се наоѓа на вистинското место.
Оваа варијанта, често се сретнува кај мажите:
Што ни открива овој пример?
Од овој цртеж, може да се заклучи дека мажот е премногу фокусиран на неговата работа и не обрнува доволно внимание на семејството. Поради тоа, ваквиот однос не може да се нарече здрав.
Спортот го заменува местото на неговата сопруга, што е тотално неприфатливо и може да доведе до цел спектар емотивни проблеми, коишто може да предизвикаат кавги и препреки.
Сопругата ги заменува децата, што е исто така погрешно бидејќи неа ѝ е потребно внимание, коешто треба да се насочи кон децата. Поради тоа, мажот сака да има голема контрола врз жената, а неа не ѝ се допаѓа тоа па тоа доведува до расправии.
Погледнете каде се сместени неговите пријатели. Претставени на овој круг, изгледа како тие да му се поважни од неговите деца, поради што тие може да се чувствуваат несакано и незаштитено од нивниот татко. Во овој случај, кога детето ќе порасне таткото за него нема претставува значајна авторитативна фигура.
Овие „кругови на интимноста“ можете да ги применувате секојпат кога ќе се почувствувате дека животот ви губи рамнотежа и имате проблеми во односите со другите луѓе. Правејќи го овој тест, вие можете да добиете јасна слика за вашиот живот и да го употребите за да направите корекции кои ќе го вратат во рамнотежа.
Доколку ви се допадна овој тест, кликнете и на музата што најмногу ве привлекува и таа ќе ви даде насока и инспирација за вашиот животен пат.