Тест: Што ве очекува во љубовта?
За овој тест ќе ви бидат потребни пенкало и лист хартија, како и неколку минути слободно време. Со цел да го добиете најточното решение, одговарајте ги прашањата по ред, искрено, а потоа погледнете ги одговорите. Можете да го тестирате и вашиот партнер, пријателите и колегите.
1. Сте тргнале кон домот на вашиот партнер. Постојат 2 патишта кои водат до таму, еден води право кон вашата дестинација и е многу поблиску, но е премногу едноличен и досаден. Другиот е значително подолг и покомплициран, но е многу живописен и полн со интересни детали. Кој пат ќе го одберете? Краткиот или долгиот?
2. На вашиот пат натаму налетувате на две грмушки со ружи. Едниот е составен од црвени ружи, а другиот го красат бели ружи. Одлучувате да одберете 20 ружи и да му/ѝ ги однесете на вашиот љубен/а. Колку од овие ружи ќе бидат црвени, а колку бели? Било која комбинација е дозволена.
3. Конечно стигнувате до неговиот/нејзиниот дом, заѕвонувате на вратата и ве пречекува друг член од семејството. Дали ќе им кажете да го/ја повикаат или самите ќе отидете по него/неа?
4. Одите кон неговата/нејзината соба, но таму нема никој. Токму затоа решавате да ги оставите ружите во собата. Дали ќе ги сместите на прозорецот или на креветот?
5. Вечерта вие спиете во една соба, а вашиот партнер во друга. Наутро кога ќе се разбудите одите до неговата/нејзината соба и што мислите, дали тој/таа сè уште ќе спие или ќе биде буден/будна?
6. Подоцна кога ќе се враќате накај дома, ќе го изберете пократкиот или подолгиот пат?
Одговори:
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.