Тест: Што би сакале да промените?
Дали поседувате иновативен или истражувачки дух? Што би сакале да промените кај себе, на глобално ниво или во светот околу вас? Решете го овој тест, без долго размислување за прашањата и по редоследот кои се дадени, а потоа најдете ги вашите одговори во решението и откријте нешто повеќе за себе на оваа тема…
1. Кој од овие совети најмногу би сакале да им го дадете на другите?
а) Денес луѓето треба да бидат посолидарни
б) Личниот пример е најважен
в) За да можете правилно да ги разберете другите, мора прво да се разберете самите
2. Кога би можеле да одбирате, што е она што би сакале да го работите?
а) На место кое подразбира контакт со голем број луѓе
б) Скратено работно време, со цел да можете повеќе да се посветите на добротворни цели
в) Раководител или директор на мултинационална компанија
3. Колку пати сте се селеле во последниве 10-тина година?
а) Ниту еднаш
б) Два до четири пати
в) Повеќе од 4 пати
4. Се наоѓате на празен паркинг, но имате чувство како некој да ве следи. Што ќе направите?
а) Ќе глумите рамнодушност
б) Ќе извадите од вашата чанта или џеб солзавец или друга алатка за одбрана
в) Ќе се молите на Бога сè да помине добро
5. Кои од овие сликари најмногу ви се допаѓа?
а) Гоген, затоа што напуштил сè за да може да оди на Тахити
б) Тулуз-Лотрек, затоа што го надминал својот физички хендикеп
в) Ван Гог, затоа што целиот свој живот му го подредил на сликарството
6. Зошто идете во кино?
а) За да се забавувате и опуштите
б) За да се расположите и насмеете
в) За подобро да го разберете вашето друштво
7. Што мислите за вашите колеги од работа?
а) Сите се прилично симпатични
б) Повеќето се малограѓани
в) Како и секаде, некои се добри, а некои лоши
8. Кога вашата мајка ви дава совети, вие обично ѝ велите:
а) Доста
б) Среќа што те имам тебе
в) Ти не ме разбираш
9. Дали некогаш сте се консултирале со видовита личност?
а) Ниту еднаш
б) Помалку од 5 пати
в) Често
10. Интуицијата…
а) Вас ретко ве измамува
б) Често ви фали
в) Ве плаши
11. Луѓето кои добро ве познаваат, најчесто мислат дека сте:
а) Енергични и дрски
б) Несовесни и одлучни
в) Неодлучни и попустливи
12. Кога би ја скршиле својата нога, како би реагирале?
а) Тоа е добра лекција која ќе ме натера во иднина да бидам повнимателен/повнимателна
б) Ова е крајот на светот, катастрофа
в) Нема што друго, ќе морам да молчам и трпам
13. Заљубени сте во две личности истовремено, но мора да се одлучите. Вие:
а) Внимателно ќе ги пратите астролошките прогнози
б) Ќе почекате да видите кој/а од нив двајца/две прв/а ќе попушти
в) Ќе отпатувате некаде каде што мирно ќе можете да размислите за сè
14. Одите на одмор, но на патот има огромен застој поради работа
а) Луто се насочувате во спротивна насока и се враќате дома
б) Тоа е идеална шанса да посетите некој симпатичен мотел покрај патот
в) Се нервирате, требаше подобро да се информирате пред да тргнете на пат
15. Вие сакате:
а) Непланирани патувања и излети
б) Патувања во далечни и егзотични краеви
в) Пакет аранжмани
16. За да може вашиот живот во двојка да успее, вие мора да:
а) Го претворите својот дом во тврдина која не може да биде освоена
б) Да останете отворени за дружење со други
в) Да го прифатите фактот дека сите сме различни
Бодување:
Одговори: