Тест: Откријте колкава е вашата емоционално телесна болка?
Екарт Тол еднаш зборувал за емоционално телесната болка. Страв, себе омраза, каење, гнев, завидливост и другите негативни зборови од овој вид се репрезентација на оваа телесна болка. Сите емоционални страдања за време на животот спаѓаат во оваа категорија. Кај многу луѓе, таа е или заспана или активна и одредени настани можат да ја разбудат или пак, да ја смират. Доколку сакате да откриете колкава е кај вас, решете го следниов краток и едноставен квиз, така што секое тврдење ќе го оцените со 1 (скоро никогаш), 2 (понекогаш), 3 (често) или 4 (скоро секогаш), а потоа ќе ги соберете бодовите.
1. Можам да бидам лут/а без причина.
2. Во себе чувам огорченост кон другите.
3. Многу лесно можам да бидам разлутен/а.
4. Чувствувам сериозно каење.
5. Нетрпелив/а сум со другите луѓе.
6. Луѓето ми предизвикуваат анксиозност.
7. Ме надвладува самосожалување.
8. Често сум совладан/а од емоциите.
9. Имам негативни идеи за себе.
10. Чувствувам завидливост кон другите.
11. Лесно можам да бидам навреден/а од другите.
12. Мали и незначајни нешта можат да поттикнат интензивни емоции во мене.
13. Често ненадејно ме совладуваат емоциите.
14. Не сум среќен/на.
15. Можам многу добро да ги контролирам моите емоции.
16. Можам да заборавам на старите навреди.
17. Кога ќе сфатам дека емоциите ме надвладуваат, можам свесно да ги потиснам.
18. Јас сум во можност да размислувам за моите емоции како аутсајдер.
19. Не се идентификувам со моите емоции, едноставно им дозволувам да се случат.
20. Кога страдам емоционално, не бегам, туку правам напори свесно да се соочам со емоциите.
21. Можам да го фокусирам моето внимание на сегашноста, наместо да ги преживувам старите емоции.
Решение:
Ако сте добиле помеѓу 15 и 30 бодови, вашата телесна болка е послаба од онаа на повеќето луѓе. Вие сте во фаза на мирување.
Ако сте добиле помеѓу 31 и 45 бодови, вашата телесна болка е нормална. Вие имате мирни периоди, но и одвреме-навреме доживувате бурност.
Ако сте добиле помеѓу 46 и 60 бодови, вие имате силна телесна болка, која се активира самата од себе и ја презема контролата врз вашиот живот.