Тест: Омилената слика ќе ви го даде вистинскиот совет за проблемот кој ве мачи во моментот!
Дали вреди да се обидете да промените нешто или е подобро да дозволите ситуацијата да се одвива сама по себе? Можеби треба да го промените вашиот став? Погледнете ги овие слики и одберете една од нив. Дозволете вашата интуиција да ве води. Сликата што ќе ја изберете го има вистинскиот совет за вас.
Слика бр. 1
Знаете што сакате, но пред вас се наоѓа некаква пречка. Сега е вистинското време да ја надминете. Знаете дека нема да биде лесно, но зошто да чекате? Пречката може да изгледа непремостлива, но колку подолго размислувате како да се справите со неа толку ќе бидете подалеку од вашата цел. Можеби токму сега се чувствувате како да ја губите контролата над вашиот живот. Мора веднаш да дејствувате и да го решите проблемот.
Слика бр. 2
Во последно време сте зафатени со работата и секојдневните обврски. Разочарани сте, бидејќи некои ваши очекувања не се исполнија, уморни сте и сакате да го промените вашето секојдневие. Потребна ви е кратка пауза за да се опуштите и да ги „наполните батериите“. Треба да соберете доволно сила и енергија за да можете да ги решите проблемите. Но, не брзајте. И не заборавајте – ако бегате од вашите проблеми, тие нема да се решат самите по себе. Не дозволувајте вашите стравови да ве контролираат и обидете се понекогаш да уживате и да се опуштите.
Слика бр. 3
Имате одличен вкус и сакате убави работи. Луѓето веројатно бараат ваш совет при изборот на облека или украсувањето на нивниот дом. Ги цените учтивоста и прецизноста кај луѓето, бидејќи вие самите ги поседувате овие квалитети. Луѓето ве почитуваат. Но, внимавајте да не бидете премногу напорни и груби кон оние околу вас. Освен тоа, обидете се да ги проширите вашите хоризонти. Не само што ќе се чувствувате подобро од кога било туку и оние врати кои претходно биле затворени може да се отворат пред вас.
Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ќе ви донесе новата година.
Извор: atma.hr