Тест: Начинот на кој реагирате во ненадејни ситуации открива каков став заземате при кавга
Не може сè во животот да се предвиди. Постојано нè погодуваат некакви изненадувања, итни случаи и непредвидени катастрофи, не давајќи ни шанса барем психички да се подготвиме. Изненадувањата од кој било вид може да бидат стресни – како понудата за брак, така и неочекуваното раскинување. Има премногу такви работи кои не можеме да ги предвидиме и контролираме. Тоа е една од причините поради кои сите ние имаме развиено навики и техники да се носиме со нив.
Овој тест ќе ви овозможи да се сместите во една од четирите категории луѓе според начинот на кој реагирате на една неочекувана, но сепак секојдневна ситуација, а потоа според тоа и да одредите како пристапувате кога доаѓа до кавга помеѓу вас и некоја блиска личност.
Се шетате на улица, кога ненадејно почнува да врне. И да почнете да трчате како луди, сепак би ви требале најмалку 5 минути до најблиското одредиште. Што најдобро ја опишува вашата реакција во тој момент?
- Би нашол/ла некоја стреа или дрво, би застанал/а тука и би почекал/а да престане да врне.
- Бидејќи не знам колку долго ќе врне, би отрчал/а до местото каде што сум тргнал/а, брзо колку што ме држат нозете.
- Би погледнал/а дали проаѓа некој со чадор кој би го споделил со мене или би отишол/ла до првата продавница за да купам.
- Јас никогаш не излегувам без чадор од дома, би го извадил/а и би го отворил/а.
Решение: