Тест на здравјето: Откријте ја биолошката старост на вашето тело

Тест на здравјето: Откријте ја биолошката старост на вашето тело

Годините кои ни ги пишува во крштеницата никогаш не се оние кои ние би сакале да ги имаме. Младите жени секогаш сакаат да бидат постари, додека пак после 40-от роденден сите би сакале да имаат барем неколку години помалку. Со разни методи на разубавување може да се предизвика телото да изгледа малку помладо, но не постои начин да се променат „годините“ кои ги носиме во нашите клетки. Биолошката старост покажува колку сме навистина стари. Нејзиниот часовник отчукува во клетките без можност да го вратиме наназад.

Тест на здравјето: Откријте ја биолошката старост на вашето тело

Едно истражување кое било направено во Холандија покажало дека нездравиот стил на живот влијае просечната биолошка старост да биде и до 15 години поголема од онаа која нашите родители и баби и дедовци ја имале на истите години. Тоа значи дека луѓето во 40-тите години можат биолошки да имаат и до 55 години. Постојат различни методи на кои можете да ја процените вашата биолошка старост, па ако сте љубопитни обидете се да ја откриете со помош на овој тест…

Мускули

Застанете исправено, па кренете ја едната нога и свиткајте ја кај коленото. Рацете ставете ги на колковите или раширете ги и затворете ги очите. Бројте колку секунди ќе издржите да одржувате рамнотежа. Доколку сте издржале една минута, одземете 4 години од вашата возраст, а ако успеавте да се задржите околу 30 секунди одземете 2 години од вашата возраст. Но, доколку не успеавте да издржите ниту 5 секунди, додајте си уште 3 години.

Пулс

Измерете го отчукувањето на срцето и потоа набрзина направете 30 клекнувања (чучњеви). Повторно измерете го вашиот пулс и пресметајте ја разликата. Доколку сте во 20-тите години, пулсот треба да ви се зголеми од 0 до 10 единици, доколку сте во 30-тите – од 10 до 20 единици, во 40-тите од 20 до 30, а над 50-тата година се зголемува од 30 до 40 единици.

Вид

Проверете го вашиот вид со помош на линијар и весник. Поставете го долгиот линијар на коската кај јаболчницата, веднаш под окото, земете весник и полека оддалечувајте сè додека буквите не ви станат матни. Измерете ја најблиската оддалеченост на која чисто ги гледате буквите. Доколку тоа е помалку од 15 сантиметри тогаш вашата биолошка старост се поклопува со вашите години. За оддалеченоста од 16 до 30 сантиметри додајте си една година и на сите дополнителни 30 сантиметри додавајте по една година плус…

Гимнастика

Застанете и исправете се, свиткајте ги колената, спуштете се нанапред и обидете се со дланките да допрете до подот. Доколку целосно ги допревте дланките до подот, вашата биолошка старост е од 20 до 30 години, но ако само со прстите допирате, тогаш имате 40 години. Со 50 години веќе не можете да допрете подалеку од потколеницата, додека пак ако сте застанале на колената вашата биолошка возраст е 60 години.

Броење

Земете стоперка и бројте наназад од 100 по 7 броеви. Помладите од 40 години би требало да стигнат до 2 за најмногу 20 секунди, додека пак оние од 40 до 60 годни би требало да завршат со броењето за 40 секунди. За резултатите побрзи од очекуваното време одземете по 2 години од вашата возраст, а за побавното завршување, додајте си 2 години.

Кожа

Поткренете ја кожата над дланката најмногу што можете, држете така половина минута и пуштете. Со помош на стоперка мерете за колку секунди таа ќе се врати во нормала. Доколку е помалку од 1 секунда, одземете си 3 години. Доколку ѝ се потребни две секунди биолошката и хронолошката возраст ви се поклопуваат. Но, ако ѝ се потребни 3 до 4 секунди додајте си една година, за 5 до 10 секунди додајте си 2 години, а за 10 до 30 секунди додајте си 3 години.

Обем

Измерете го обемот на најширокиот дел од вашите колкови и струкот. Совршената мерка на струкот е 70% од обемот на колковите. Доколку сте добиле ваков резултат одземете си една година. За обемот на струкот кој изнесува од 80 до 90 проценти од колковите, додајте си 3 години. Доколку нивните димензии се исти или струкот е поширок од колковите, додајте 5 години на вашата возраст.

Бели дробови

Длабоко вдишете и целиот воздух од вашите бели дробови, во еден здив, издишете го во балон кој потоа ќе го заврзете. Со помош на линијар измерете ја ширината на балонот. Доколку сте издишале 0,5 литри воздух, ширината на балонот ќе биде од 7 до 9 сантиметри, 1 литар се однесува на ширина од 10 до 11 сантиметри, додека пак 1,5 литри изнесуваат 12 до 13 сантиметри. 2 до 3 литри воздух го шират балонот од 14 до 16 сантиметри, а со следните 2 литри му се додаваат уште 6 сантиметри ширина. Доколку вашиот резултат е помал од 1 литар воздух додајте 5 години, а ако во балонот има 1,5 литар додајте 3 години. За 2 до 3 литри се додаваат по 1 година, додека пак за 4 до 5 литри се одземаат 3 години.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар