Тест на личноста: Одберете овошје и дознајте какви љубовници сте!
Сигурно сте направиле еден куп тестови на личноста за да откриете каков е вашиот карактер, од што се плашите и кои се вашите најдобри особини. Но, дали сте направиле тест за да откриете какви сте како љубовници? Сѐ што треба да направите е да одберете едно овошје и ќе дознаете какви љубовници сте и каков љубовен партнер ви одговара. Одбравте? Во продолжение, прочитајте ги резултатите…
1. Цреша
Многу сте отворени, директни и сметате дека задоволството и уживањето се многу важни за љубовната врска. Според вас, ако сексот не е добар и другите работи нема да чинат. Огнени сте и многу јасно ги искажувате вашите потреби. Лесно ги откривате ерогените зони на партнерот и сакате да пробувате нови работи. Не ги сакате премногу срамежливите партнери, како ни премногу ладните, бидејќи со нив веднаш губите интерес.
2. Јагода
Вашите нагони се многу силни, но умеете да се контролирате. Ја обожувате долгата предигра придружена со соодветни зборови, бидејќи тоа потполно ве опушта. Одлични сте во кревет, бидејќи сте неверојатно чувствителни и страсни. Честопати сами покажувате иницијатива. Претпочитате да бидете само со еден стабилен партнер, бидејќи така сте поопуштени и повеќе уживате.
3. Кокос
Вие сте многу привлечни луѓе и не постои човек кој може да ви одолее. Вашиот партнер го гледате како свој роб и очекувате да ви ја исполнува секоја желба во креветот. Љубовниот чин сакате да се одвива во удобноста на вашата спална соба и ако се појави некој поради кого би го жртвувале својот комфор, тоа значи дека се работи за многу посебна личност.
4. Грозје
Вие сте суптилни и нежни и сакате да му угодувате на партнерот. Вешти сте во водењето љубов, а посебно уживате во изведувањето стриптиз за партнерот. Знаете како да направите посебна атмосфера во која обајцата ќе уживате. Ги обожувате комплиментите и секоја пофалба влијае на интензитетот на вашата сексуална желба. Претпочитате еден постојан партнер, бидејќи сте романтични и не ја одвојувате љубовта од сексот.
5. Вишна
Зрачите со сексапилност и на многумина сте им привлечни. Сепак, многу тешко наоѓате партнер кој ќе ве задоволи, бидејќи односот мора совршено да функционира. Потребен ви е партнер со голема енергија за да може да го следи вашето темпо. Кога ќе најдете партнер кој ви одговара, тогаш сте отворени за сите предлози и можности што ви се достапни.
6. Банана
Многу сте креативни и не сакате да разговарате за љубовниот чин, но сакате да истражувате. Имате прилично отворен пристап кон сексот и подготвени сте да пробате сѐ, само доколку најдете партнер кој е во добра физичка кондиција. Вашата детска љубопитност ве поттикнува на голем број експерименти. Токму поради тоа, често ги менувате партнерите.
Доколку ви се допадна овој тест, одберете коњ и дознајте нешто повеќе за себе.