Тест на личноста: Која е вашата најголема слабост во љубовта?

Тест на личноста: Која е вашата најголема слабост во љубовта?

Вашата личност е комбинација од вашето мислење за нештата, како тоа мислење прави да се чувствувате и начинот на кој реагирате во зависност од мислењето. Бидејќи ова реагирање може да направи да си отежнете некои ситуации, важно е навистина да разбирате кои сте, како размислувате, како чувствувате и дали вашето однесување е во хармонија со вашата личност. Можеби е навистина лесно да откриете каков е некој друг, но кога станува збор за вас може ќе ви биде потребен цел живот. Со овој тест ќе откриете кои се вашите најголеми слабости во љубовта и како тие ви го уништуваат љубовниот живот. Сè што треба да направите е да ја погледнете сликата и да обрнете внимание на првото нешто што го забележавте. Во продолжение прочитајте што значи тоа.

Тест на личноста: Која е вашата најголема слабост во љубовта?

1. Врзан човек

Ако врзаниот човек е првото нешто што го забележавте, вашата личност постојано е во конфликт. Ова не мора да значи дека буквално сте во конфликт со целиот свет околу вас. На некој начин, постојано водите војна со себе. Па ако сакате да најдете вистинска љубов со некого, мора прво да ја пронајдете љубовта во вас. Тешко ви е да се прифатите себеси, како и да ги прифатите вашите силни и слаби страни, и сè помеѓу нив. Битката за внатрешен мир не е лесна, но понекогаш заслужувате одмор од сите тие конфликти. Почитувајте се за вашата напорна работа, немојте да бидете строги кон себе, прифатете се и љубовта ќе дојде.

2. Ограда

Ако ја забележавте оградата, вашата најголема слабост е тоа што се затворате пред сите. Ова не значи дека за вас нема надеж или дека вашето срце е пооштетено за разлика од другите. Но, ако не ризикувате и не го отворите срцето наскоро, може да ја испуштите можноста за вистинска љубов. Нормално е и природно да се обидете да се заштитите ако претходно ве повредиле, но ако постојано градите ѕидови не само што не пуштате никого внатре, туку и вие не можете да излезете. Лесно е да ставите штит, но може да биде навистина тешко да го спуштите. Па затоа почнете со мали чекори. Запознавајте ги луѓето и отворајте се со темпо кое вам ви одговара. Ако не ризикувате, нема да добиете ништо.

3. Чамец

Вашиот проблем е тоа што поставувате толку високи стандарди што речиси никој на Земјата не може да ги стигне. Важно е да знаете што сакате во љубовта и да не се задоволите со помалку отколку што заслужувате, но кога сте премногу строги можно е да испуштите личност која има многу други квалитети кои не сакате ни да ги видите. Не е погрешно да сакате семејство, неверојатна кариера и партнер кој ги сака истите работи како и вие, но кога сте премногу специфични во вашите барања, вие губите допир со реалноста и со она што го претставува љубовта. Се разбира, држете се до вашите соништа и поставете си високи стандарди за луѓето кои се потенцијални партнери. Но, имајте на ум дека оваа совршена фантазија може да ве спречува да ја пронајдете љубовта која треба да ја доживеете.

4. Череп

Ако првото нешто што го забележавте е черепот, вашите грижа и анксиозност се оние кои ви ја уништуваат можноста за љубов. Можеби навистина имате анксиозност, или пак само се грижите премногу. Но како и да е, претераната внимателност не ви дозволува да ја видите убавината на животот. Овде спаѓа и вашата сродна душа која можеби стои до вас. Во ред е да бидете внимателни, но кога станува збор за љубовта, ќе изгубите многу ако се грижите за сите работи кои може да тргнат на лошо. Секогаш ќе постојат нешта кои ќе ве плашат, но ова не треба да ве спречи да го живеете вашиот живот. Исто така, не треба да ги криете вашите стравови од партнерот. Всушност, кога ќе бидете искрени со него можно е да се зближите уште повеќе.

А ако сакате да дознаете што ви недостасува моментално во животот, одберете ја фотографијата која најмногу ви го привлекува вниманието, кликнете на неа и погледнете што има да ви каже.

8-test-na-lichnosta-shto-vi-nedostasuva-momentalno-vo-zhivotot-kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар