Тест на личноста: Дали ве води срцето или разумот?
Начинот на кој реагираме во одредени ситуации открива многу работи за нашата личност. Колку отворени ги искажувате вашите емоции? Дали лесно експлодирате во критични ситуации? Ако сакате да дознаете дали ве води срцето или разумот, следниов тест може да ви помогне само доколку искрено одговорите на прашањата.
Негативните одговори на првите 10 прашања носат по 1 поен, а позитивните 0. За останатите прашања, ставајте си по 1 поен за ДА, а 0 за НЕ.
1. Дали ви е непријатно кога ќе се расплачете на јавно место?
2. Дали мислите дека солзите се знак на слабост?
3. Дали верувате дека момчињата и мажите не треба да плачат?
4. Дали плачете додека читате тажни приказни или гледате тажни филмови?
5. Дали ги почитувате политичарите кои јавно ги покажуваат емоциите?
6. Дали мислите дека солзите се непотребни кога станува збор за изразување на емоциите?
7. Кога сте нерасположени, дали му го покажувате тоа на друштвото?
8. Дали се чувствувате непријатно кога ќе видите возрасен маж како плаче?
9. Дали ве изненадуваат луѓето кои не можат да ги забележат туѓите солзи или страдање?
10. Дали по секоја цена се обидувате да го сокриете бесот?
11. Кога ќе ви се случи нешто непријатно, дали размислувате за вашиот дел од вината и дали сте можеле да реагирате поинаку?
12. Дали некогаш сте имале проблеми поради вашиот избувлив карактер?
13. Дали мислите дека е подобро и поискрено да покажете дека сте лути?
14. Дали им дозволувате на другите да ве тешат кога сте тажни и плачете?
15. Дали лесно паѓате во „оган“?
16. Дали ви годи кога луѓето ви ја покажуваат нивната љубов со бакнежи?
17. Дали секојдневно ги допирате и прегрнувате луѓето кои ги сакате?
18. Дали имате навика да разговарате за вашите чувства со најблиските?
19. Дали сакате масажи?
20. Дали се смеете гласно кога гледате комедии?
21. Дали имате или сте имале домашен миленик со кого сте многу поврзани?
22. Дали го следите ритамот цупкајќи со ногата додека слушате музика?
23. Дали силно ракоплескате и викате на концерти и спортски натпревари?
24. Дали можете да се сетите кога последен пат сте се забавувале и сте се смееле од срце?
РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТОТ
Повеќе од 20 поени – ОПУШТЕНИ
Такви сте какви што сте. Имате здрав и позитивен однос кон покажувањето емоции. Никогаш не ги криете вашите чувства и не се срамите кога ќе ви потечат солзи од среќа или тага. Такви сте какви што сте и сакате луѓето да ве прифатат со сите ваши доблести и маани. Никогаш не глумите. Можете да бидете повредени поради таа отвореност, но сепак животот ви е исполнет со искрена љубов и пријателства.
Од 10 до 20 поени – ДИПЛОМАТИ
Зависите од другите. Не сте од оние коишто ги кријат и негираат чувствата, но секогаш ги почитувате правилата на однесување и постапувате онака како што сметате дека е соодветно во зависност од ситуацијата. Добро би било да се опуштите малку и да го следите вашето расположение, наместо да обрнувате толкаво внимание на опкружувањето. Не мора сите да ве сакаат и затоа пробајте да одлучите кои поединци ви одговараат од многуте луѓе што ве опкружуваат. Не заборавајте дека солзите и смеата се лек за душата.
Помалку од 10 поени – ВОЗДРЖАНИ
Ги криете емоциите. Секогаш ги криете чувствата и расположението. Најчесто се преправате дека сѐ е во ред, дури и тогаш кога тоа не е вистина. Не го правите тоа намерно, туку со криењето на емоциите потсвесно се штитите себеси од болката и злонамерните луѓе. Сепак, на овој начин можете да ги избркате и луѓето кои ве сакаат, бидејќи ќе почнат да мислат дека не ви е гајле за нив. Ако соберете сила да го отклучите вашето срце и да научите да ги покажувате емоциите, ќе ви биде многу полесно и ќе бидете поздрави.
Доколку ви се допадна овој тест, дознајте каква личност сте и како другите гледаат на вас.