Тест на личноста: Дали сте тип А или тип Б?

Тест на личноста: Дали сте тип А или тип Б?

Теоријата за карактери позната како Тип А и тип Б прв пат била предложена од Мајер Фридман и Реј Росенман во 1950-тите. Според оваа теорија, постојат два типа карактери. Луѓето кои спаѓаат во тип А се пофокусирани, поамбициозни и повеќе внимание обрнуваат на нивните цели. Исто така почесто се изложени на стрес и посклони се кон нервен слом и физички болести.

Тест на личноста: Дали сте тип А или тип Б?

На другата страна се наоѓаат луѓето кои спаѓаат во тип Б. Ова се поопуштени луѓе кои се движат со текот и живеат во сегашниот момент. Тие знаат како да уживаат во патувањето, но и на дестинацијата.

Се смета дека луѓето од тип А почесто страдаат од нервен слом и болести на срцето за разлика од луѓето од тип Б, поради стресниот животен стил.

Ова се двата екстремни краеви на спектарот карактери. Секогаш е најдобро да го извлечете доброто од двата краја и да има рамнотежа во вашиот карактер. Но во денешниот натпреварувачки свет, повеќето луѓе спаѓаат во тип А.

Доколку се прашувате дали и вие спаѓате овде, дојдовте на вистинското место. Овој визуелен тест ќе ви помогне да одредите дали сте, или не сте тип А. Погледнете ја оптичката илузија. Кое е првото нешто на сликата што ви го привлече вниманието? Прочитајте што тоа кажува за вас.

1. Листови

Ако прво ги забележавте листовите, тогаш дефинитивно сте тип А. Вие сте амбициозни и постојано сте во движење. Но важно е да научите да забавите и да ја погледнете природата. Уживајте во зајдисонце, шолја кафе или прошетка во природа. Уживајте во патувањето додека се обидувате да ја стигнете дестинацијата.

2. Корења

Ако прво ги забележавте корењата, дел од вас спаѓа во тип А. Малку сте организирани, а малку заборавени. Но обрнете внимание на тоа дали вашиот тип произлегува од вашата генерална анксиозност за животот и себеси. Повеќето луѓе кои се сметаат за тип А, често страдаат од високо функционална депресија и анксиозност. Осигурете се дека не се криете зад одликите на типот А така што не можете да ја видите вашата реална ментална состојба.

3. Усни

Ако прво ги забележавте усните, вие сте далеку од тип А. Веројатно веќе знаевте уште пред да го направите тестот. Потребна ви е структура во животот заедно со вашата способност за забавување. Ако ја добиете потребната рамнотежа со малку мотивација и малку опуштање, можете да го извлечете најдоброто од двата типа.

Дали знаете што кажува за вас начинот на којшто ја држите цигарата?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар