Која од жените на сликата е најбогата? Одговорот ќе ви открие што треба да промените кај себе

Која од жените на сликата е најбогата? Одговорот ќе ви открие што треба да промените кај себе

Психолозите велат дека човековиот однос кон парите и богатството се менува во текот на годината, односно со стекнувањето нови животни искуства. Меѓутоа, она што никогаш не се менува е меѓусебната поврзаност кон парите и чувството на среќа. Често слушаме за луѓе што имаат богатство што не можат да го потрошат, но не чувствуваат вистинска среќа. Од друга страна постојат и луѓе кои спојуваат крај со крај, но умеат да се радуваат на мали нешта. Зошто? Бидејќи за секој човек богатството претставува нешто различно, а воедно тоа е и целта на овој тест.

Внимателно погледнете ја сликата и малку размислете – која жена ви изгледа најбогато? Одговорот открива многу за вашите ставови во животот, како и што е тоа што треба да го промените кај себе за навистина да бидете среќни.

Жена број 1

Наместо да одите полека, цел живот ви поминува во трчање. Едноставно, не сте од оние луѓе што детално го промислуваат секој нареден чекор. Често изведувате заклучоци набрзина, а одлуките ги донесувате во расчекор, без премногу размислувања за можните последици. Сакате сè да завршите колку што е можно порано. Секогаш имате чувство дека некаде брзате, а наспроти тоа, никогаш и ништо не стигнувате да завршите навреме. Склони сте да им судите на луѓето на прв поглед верувајќи во моќта на својата процена. Забавете малку и потрудете се однапред да ги планирате работите, па животот ќе ви биде помалку хаотичен.

Жена број 2

Ако за некои луѓе може да се каже дека уште од раѓање се предодредени да бидат лидери и водачи – тоа дефинитивно важи за вас. За вас животот е една голема борба во која вие самите сте главни херои – во првите борбени редови. Секогаш сакате да бидете први во сè. Свесни сте за своите вредности, се почитувате себеси и не дозволувате искривените општествени стандарди да ве „освојат“. За вас секој проблем има решение. Отворено пристапете им на другите, секогаш вадете ги картите на масата. Луѓето кои ве опкружуваат се свесни за вашата сила и неретко ви веруваат. Сепак, за вистинска среќа потребна ви е рамнотежа, како и сознанието дека понекогаш е во ред да не се биде прв и најдобар во сè.

Жена број 3

Гледајќи на сè од реалистична и приземјена перспектива, за вас животот е како партија покер. Ги контролирате сопствените емоции и ги потиснувате вашите страсти. Трпеливи сте. Вие сте ја скротиле вашата дива природа и чекате вистинска прилика да се покажете во најдобро светло. Какви и да се картите што ќе ви ги подели животот, едно е сигурно – никогаш нема да се откажете. Спротивно на тоа, вие сте спонтана личност која живее во согласност со природата. Потрудете се некогаш да се опуштите, па ќе видите како светот одеднаш ќе ви делува многу поубаво.

Жена број 4

Имате единствен поглед на светот по којшто се разликувате од сите други. Останатите луѓе ве доживуваат како уметничка душа. Меѓутоа не ви е неопходно да се занимавате со сликарство, пишување, музика. Вам уметноста ви е во крвта! Дури и да продавате весници, вие на професијата би ѝ дале поинакво значење. Ако миете садови, ги миете на сосема поинаков начин. Кога го средувате домот, задолжително мора да направите и нов распоред во собата. Што и да правите, вие го правите со голема љубов. Тоа ве придвижува, но за жал може и да ве повреди најмногу, бидејќи не секогаш сите можат да ве разберат.

Жена број 5

Кога ќе се најдете во голема група луѓе обично сте незабележителни. Ако некому поставите прашање тоа го правите тивко, а потоа се повлекувате како да не ве интересира одговорот. Срамежливи сте и ретко зборувате, но затоа внимателно слушате. Како сунѓер вие сè впивате. Тоа ве прави добри набљудувачи, а слушајќи вие навистина многу учите. Преполни сте со знаење иако не оставате таков впечаток на луѓето. Научете понекогаш да го подигнете гласот и целиот свет е ваш.

Жена број 6

Ако сега ве прашаме која е смислата на животот, сигурно би одговориле: колку што е можно повеќе различни искуства, патувања и често уживање. Вие сте неуморни авантуристи. Не се грижите за секојдневните ситници, а веројатно сте подготвени со месеци да јадете сардини за да заштедите доволно пари за уште едно ново патување. Ја мразите самата помисла на канцелариска работа. За вас е неопходно цел ден да бидете во движење. Кога е во прашање овој тип луѓе, повеќето од нив предоцна сфаќаат дека за целосна среќа потребна е и малку стабилност. Затоа потрудете се да ја изградите.

Ви се допадна овој тест? Имаме уште еден за вас! Кликнете на мајката на детето и подгответе се да бидете разоткриени во целост! 

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар