Тест: Колку сте духовно урамнотежени?

Тест: Колку сте духовно урамнотежени?

Решете го овој тест и дознајте.

test-kolku-ste-duhovno-uramnotezheni-kafepauza.mk

1. Многу доцна сфаќате дека сте заборавиле на некој важен договор. Што сега?

А) Долго и жестоко се нервирам поради тоа.
Б) Се тресам и се обидувам да смислам изговор кој ќе звучи доволно уверливо.
В) Човечки е да се греши. Ќе се јавам и ќе ја објаснам ситуацијата.

2. Автомобилот зад вас само што не се залепил за вашиот браник. Возачот ви аблендира. Што правите?

А) Стискам на гас за да не го испровоцирам возачот повеќе.
Б) Го игнорирам и возам онака како што мислам дека треба.
В) Многу сум бесен/на и намерно возам уште побавно.

3. Одлично сте расположени. Телефонот ви ѕвони и вашиот/та пријател/ка ви зборува за неговите/нејзините проблеми. Како се чувствувате после разговорот?

А) Мило ми е што му/ѝ помогнав и продолжувам понатаму со својот живот.
Б) Малку сум потиштен/а .
В) Ме нервира тоа што ме оптоварува со своите проблеми.

4) После кавга се однесувате како ништо да не се случило. Што мислите за тоа?

А) Зошто да не? Зошто да се прави од мува слон?
Б) Не би можел/а. Би бил/а премногу вознемирен/а.
В) Тоа може да биде добар начин за дистанцирање.

5. Кога сѐ ќе ви се собере од сите страни и од стрес не знаете што да направите…

А) Имам чувство дека ќе полудам. Многу ми е тешко да се исклучам.
Б) Развивам црн хумор инаку не би можел/а да ја преживеам таа стресна фаза.
В) Се издигнувам над ситуацијата и давам неочекувани резултати.

Поени:

1. А): 3, Б): 2, В): 1
2. А): 2, Б): 1, В): 3
3. А): 1, Б): 3, В): 2
4. А): 1, Б): 2, В): 3
5. А): 3, Б): 2, В): 1

Резултати:

5-8 поени: Вие сте спокојна личност. Ги прифаќате работите такви какви што се. Таквиот став ви помага да се концентрирате на суштината на нештата.

9-12 поени: Во принцип вие сте урамнотежен тип на личност. Но, штом некој лично ве погоди, реагирате бурно. Тогаш ви е потребно време за да си го пронајдете својот внатрешен баланс.

13-15 поени: Бидејќи сте емотивна личност, прилично сте склони кон промена на расположението. За да си ги заштедите нервите, би требало да си дозволите повеќе време за одмор и релаксација.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар