Тест: Колку години всушност имате?

Тест: Колку години всушност имате?

Биолошката старост е вистинската старост на човековото тело – ни покажува колку сме вистински стари според нашата здравствена и физичка состојба. Часовникот на биолошката старост отчукува во нашите клетки, за разлика од онаа која стои во нашите документи за лична идентификација.

Направете ги следните 4 тестови за да одредите колку сте биолошки стари.

1. Утврдување на староста според промената на пулсот по физичка активност

Измерете си го пулсот (отчукувањата на срцето). Потоа направете 30 сквотови (чучњеви) со брзо темпо и измерете го пулсот повторно. Пресметајте ја разликата. Доколку вашиот пулс се покачил за:

  • 0-10 единици – имате 20 години
  • 10-20 единици – имате 30 години
  • 20-30 единици – имате 40 години
  • 30-40 единици – имате 50 години

2. Утврдување на староста според промената на бојата на кожата после штипење

Цврсто штипнете се со палецот и показалецот на внатрешниот дел од раката каде што се мери пулсот (над дланката) и задржете 5 секунди. За точни резултати користете стоперка. Потоа тргнете ги прстите и мерете за колку секунди ќе ви се врати нормалната боја на кожата. Ако тоа се случи за:

  • 5 секунди – имате скоро 30 години
  • 8 секунди – имате околу 40 години
  • 10 секунди – имате околу 50 години
  • 15 секунди – имате околу 60 години

3. Утврдување на староста според вашата телесна жилавост

Застанете исправено, свијте ги колената и наведнете се нанапред. Обидете се во оваа позиција да го допрете подот со дланките. Ова не е тешко. Резултатите се толкуваат вака. Ако:

  • Ги ставивте дланките целосно на подот – имате 20-30 години
  • Го допревте подот со прстите – имате 40 години
  • Ги допревте своите потколеници – имате 50 години
  • Ги допревте само колената – имате 60 години

4. Утврдување на староста според способноста за балансирање

Замижете, застанете на левата, па на десната нога. Можете да балансирате со рацете, но не е дозволено да се придржувате за ништо. Обидете се да останете во таа положба, а некој од вашето семејство нека мери колку долго ќе се задржите така. Ако сте издржале:

  • Над 30 секунди – имате 20 години
  • 20 секунди – имате 40 години
  • Под 10 секунди – имате над 60 години

Сега, откако ја утврдивте вашата биолошка старост со овие тестови и излезе дека сте повозрасни одошто пишува во вашата лична карта, време е да почнете да се грижите за себе и за своето здравје.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар