Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?

Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?

Автор: Моника Трајковска

Сите ние имаме денови кога стануваме од кревет сабајле и зјапаме „бледо“ во нашиот плакар мислејќи: „Што ли да облечам денес?“ Овој проблем лесно можете да го решите. Направете го следниов тест за да ја откриете бојата која го отсликува вашето моментално расположение.

Инструкции: Запишете ја на посебен лист буквата која најмногу одговара на дадената изјава. На крај од тестот, пресметајте која буква најмногу пати сте ја заокружиле и откријте која е бојата која одговара на вашето расположение.

Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?

1. Дали се чувствувате уморно?

а) Малку – би сакала да дремнам барем уште половина час.

б) Малку сум уморна, но не дозволувам тоа да ми пречи.

в) Премногу сум уморна – може да се вратам одма на спиење?

г) Воопшто не сум уморна.

д) Уморна? Секогаш се будам полна со енергија.

2. Што е прво на вашата листа денес?

а) Хм, денес има маратон на мојата омилена ТВ серија.

б) Милион нешта – цел ден ми е резервиран, но знам дека на крај ќе се исплати.

в) 3 предавања, па на работа и на крај започнување на есејот кој треба да го завршам до утре.

г) Одбирање на совршената облека и средување на мојата фризура веднаш! Потребно е многу труд за да изгледа сѐ добро.

д) Уживање на сонцето, па одење на предавање.

3. Какво е времето надвор?

а) Врне дожд/снег? Го обожавам!

б) Малку е ладно, но ќе се облечам потопло. Треба да одам на неколку места!

в) Многу е мрачно надвор – посакувам да можев да останам дома.

г) Сончево е – одлично време за забава.

д) Топло и сончево – едноставно совршено!

Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?

4. Каква шминка планирате за денес?

а) природна

б) пудра, моливче, маскара и сјај за усни

в) едноставна: маскара, сјај за усни, можеби и моливче за очи ако имам време

г) Мислам да пробам нешто ново – можеби посветло моливче за очи или посмел сјај.

д) пудра, сјај за усни, маскара, сенка, моливче за очи, руменило – секојдневната рутина

5. Каков вид облека би сакале да носите денес?

а) Нешто удобно и опуштено.

б) Нешто професионално и софистицирано.

в) Нешто едноставно и класично.

г) Нешто уникатно што би привлекло внимание.

д) Нешто тренди и интересно.

6. Кои од следниве активности би сакале да ги правите денес?

а) Да се завиткам во ќебе со добра книга и кафе.

б) Да работам – и покрај тоа што не е забавно, ќе ми се исплати подоцна.

в) Да се дружам со пријателите или роднините дома.

г) Да правам нешто сама – можеби да одам во друг град или да посетам фитнес-центар.

д) Да излезам со пријателите – на шопинг или на добра забава вечер.

7. Каква музика би сакале да слушате во моментов?

а) Нешто релаксирачко и весело.

б) Класична музика – ми помага да останам фокусирана.

в) „Old school“ музика која ме враќа назад во друга ера.

г) Што било – ќе го пуштам мојот плеер на рандом.

д) Сѐ на што би можела да танцувам!

Резултати: Проверете која буква најмногу сте ја одбирале, и видете подолу која боја ѝ припаѓа. За секоја боја има предлог комбинација за да ви помогне при изборот на вашата облека денес.

Најмногу одговори под а)

Ладни бои: светло сина или зелена
Расположение: релаксирано и смирено

Оваа облека би била совршена за опуштен ден поминат дома или со пријателите. Едноставната маичка, откопчаната кошула и удобните фармерки кои се во нежна зелена, сина или сива боја го надополнуваат вашето смирено расположение. Додадете шал и удобни патики и целосно ќе бидете подготвени за денот кој следува.Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?

Најмногу одговори под б)

Украсни тонови: смарагд, рубин, сафир
Расположение: амбициозно и мотивирано

Денес се чувствувате амбициозно и инспирирани сте да ги постигнете своите цели. Знаете дека овој ден ќе имате многу работа и дека облеката е само мал дел од вашите идни постигнувања кои ве мотивираат да поминете преку сѐ. Овој виолетов фустан и црно сако ќе ви помогнат да го започнете денот на „десна нога“. Додадете едноставни златни обетки и мал прстен како завршни детали за вашиот изглед.Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?

Најмногу одговори под в)

Неутрални бои: црна, кафена, сива, темно сина, бела
Расположение: мрзеливо и без енергија

Неутралните бои создаваат елегантен изглед. Оваа облека е класична, но истовремено носи и елементи клучни за денешната мода – совршена е за денови кога сакате да изгледате убаво, но немате многу време за подготвување. Маичката без ракави и темните фармерки ѝ овозможуваат безвременска основа на облеката без никаков труд, додека пак сакото, саатот и чевлите додаваат малку инспиративен допир кој ќе ви помогне да го започнете денов.Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?

Најмногу одговори под г)

Смели бои: црвена, портокалова, светло зелена
Расположение: храбро и незапирливо

Денеска се чувствувате храбро и најдобар начин за доловување на тоа расположение е носењето црвени панталони. Бидејќи тие сами по себе се многу впечатливи, најдобро е да ги комбинирате со понеутрална маичка и капут. Додадете удобни црни балетанки и необични обетки и постојано ќе привлекувате внимание околу себе.Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?

Најмногу одговори под д)

Светли бои: розово, светло сино, жолто
Расположение: весело и разиграно

Кој вели дека зимската облека треба да е темна и досадна? Денес вашиот дух ќе го разубави денот на сите околу вас, па затоа погрижете се да носите облека која ќе одговара на вашето весело расположение. Жолтиот капут ќе ве истакне во морето од црни и сиви капути во центарот од градот, додека пак сивите фармерки ќе овозможат интересен контраст на шарениот топ. Црните високи чизми и розовиот грејач за глава ќе ви помогнат со студеното време.Тест: Која боја на облека одговара на вашето расположение?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар