­
Тест: Кој е вашиот секси стил?

Тест: Кој е вашиот секси стил?

Постојат различни начини на кои девојките откриваат во која секси улога се чувствуваат најдобро и токму овој тест може да ви помогне да откриете нешто повеќе за себе на оваа тема. Дали сте забавно секси или неодоливо секси? Земете лист и пенкало, решете го тестот и дознајте…

Тест: Кој е вашиот секси стил?

1. Кога сте на прв состанок, каков е вашиот прв бакнеж?

а) Затворена уста и нежно, без јазик!

б) Полуотворена уста, без јазик, го оставате да сака повеќе

в) Со јазик… Можеби дури и мало гризнување на долната усна доколку има хемија!

г) Бакнеж? Веднаш преминавме во кревет!

2. Вашиот дневен стил е:

а) Фармерки и маичка со најудобните чевли

б) Убав, но сепак кежуал летен фустан, со коњско опавче

в) Блуза и сандали со тренди ѓон, најверојатно во комбинација со пантолони

г) Кратко здолниште и долг капут… Задолжително и високи потпетици!

3. Кога станува збор за секс, вие јавно:

а) Не разговарате за вашиот сексуален живот, тоа е приватно!

б) Знаете да се насмеете на „мрсна“ шега, но никогаш не ја преминувате границата

в) Знаете да кажете „мрсна“ шега како и да му намигнете на згодниот дечко кој ве слуша

г) Воопшто не се срамите да признаете дека сте одлична во кревет

4. Во бар вие нарачувате:

а) Пиво

б) Безалкохолен пијалак бидејќи сте шоферот во групата

в) Космополитен

г) Најсилниот пијалак кој постои… Со лед… Дупли…

5. Легнувате во кревет со вашиот партнер носејќи:

а) Долга ноќница која изгледа како да е од 1845 година

б) Кратка ноќница која ве покрива, но ги истакнува вашите облини

в) Ништо… Или можеби нешто што лесно се соблекува

г) Кожа и синџири, а во вашите раце држите камшик!

  • Резултати


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар