Тест: Кое е вашето внатрешно професионално животно?
Дури и оние кои не чуваат домашни миленици може да ги согледаат сличностите меѓу луѓето и животните. Но, дали може да научите нешто од животните за вашиот професионален живот? Решете го овој тест и ќе дознаете со кое животно имате исти работни навики.
1. Еден ваш колега приредува роденденска забава во канцеларијата? Каде се наоѓате вие?
а) Веднаш до славеникот, ја сечете тортата или подавате чинии.
б) Во задниот дел на канцеларијата или седнати покрај бирото.
в) Кажувате шега која сте ја слушнале пред некое време.
г) Не е важно, каде и да одите луѓето ве нервираат.
2. Шефот ве замолил да бидете дел од најновиот проект. Како ќе реагирате?
а) Ќе ги соберете сите потребни информации за да го водите проектот најдобро што можете.
б) Ќе кажете дека не сте заинтересирани.
в) Ќе го кажете она што вашиот шеф сака да го слушне.
г) Ќе ги кажете вашите позитивни и негативни ставови во однос на проектот.
3. Треба да работите со неколку колеги на проектот. Како се одвива соработката?
а) Прекрасно! Вие го водите проектот и одлично соработувате со колегите.
б) Подобро се снаоѓате кога работите индивидуално.
в) Се согласувате со сè што е кажано.
г) Не сакате да соработувате со колегите и веќе се скаравте со неколку од нив.
4. Треба да ја презентирате вашата стручна област пред група колеги. Како се снаоѓате?
а) Имате солидна интеракција со колегите, иако ви е малку непријатно да бидете главни.
б) Среќни сте затоа што некој го препознал вашиот талент и ви дал шанса да зборувате.
в) Не ви пречи да зборувате јавно, но повеќе сакате да ги цитирате другите во вашиот говор.
г) Сè беше добро додека не забележавте дека некој се занимава со мобилниот телефон. Ја прекинувате презентацијата и го чекате неговото внимание.
5. Шефот бара сите да останат подоцна на работа за да го завршите проектот. Што правите?
а) Го менувате распоредот за да бидете последната личност која ќе си замине од работното место.
б) Сметате дека е доволно да останете само еден или два часа повеќе.
в) Се согласувате со сè што ќе каже шефот.
г) Се лутите и го прашувате шефот зошто и вие мора да останете подоцна кога секогаш си ја завршувате работата на време.
БОДУВАЊЕ: Најчесто заокружената буква го дава одговорот.
Најмногу одговори под А: Куче
Вие сте сигурни и лојални работници. Не ви е тешко да соработувате со колегите и уживате кога сте во нивно друштво. Не заборавајте дека понекогаш е во ред да не се согласувате со мислењата на колегите или шефот. Не плашете се да ги изнесете и вашите мислења и започнете да се фокусирате на кариерата без да зависите од инструкциите на шефот.
Најмногу одговори под Б: Мачка
Вие уживате да го поминувате работното време сами. Убедени сте во вашите способности и знаете дека одлично ќе ја завршите работата. Заради тоа и не е лесно да се соработува со вас. Обидете се да воспоставите рамнотежа помеѓу индивидуалната и тимската работа. Знаењето и посветеноста може да ве направат добар лидер ако научите како да соработувате со другите и да ги изнесете вашите идеи наместо да молчите.
Најмногу одговори под В: Папагал
Можеби е време да се запрашате дали е ова вистинската работа за вас. Дали можеби го повторувате она што веќе сте го слушнале наместо да создадете свое мислење? Престанете да ги крадете туѓите мислења и да го кажувате само тоа што другите сакаат да го слушнат. Понудете го сопственото мислење или побарајте работа која ќе ви овозможи право на глас.
Најмногу одговори под Г: Твор
Дали сте забележале дека соработниците ве избегнуваат? Вашиот непредвидлив темперамент ја уништува вашата кариера. Престанете да „ги истурате“ негативните емоции на шефот и на останатите соработници. Обидете се да ја канализирате негативната енергија на работа, правејќи вежби за дишење. Страста може да биде голема предност за кариерата, но само ако ја искористите продуктивно.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.