Тест: Како ги преживувате љубовните неуспеси?
Дали после љубовниот неуспех само ќе одмавнете со рамената и ќе продолжите понатаму, како ништо да не се случило, или пак тагувате и покрај тоа што знаете дека тоа ќе помине со тек на време, или можеби буквално ќе се разболите од љубов, ќе страдате и нема да сте во состојба да го продолжите секојдневниот живот? Решете го овој тест и откријте.
1. Верувате ли во љубов на прв поглед?
А. Не, љубовта се случува кога двајцата партнери ќе се запознаат подобро.
Б. Да, но тоа не е фатална љубов туку чувство кое може да се контролира.
В. Да, понекогаш може да се почувствува привлечност на прв поглед.
2. Која фаза во врската ви се допаѓа најмногу?
А. Не знам.
Б. Кога ќе почувствувам дека меѓу нас постои доверба и почитување.
В. Фазата на заљубување, на почетокот на врската.
3. Дали некогаш после раскинувањето на врската сте помислиле…
А. Подобро е да бидеш сам отколку во лошо друштво.
Б. На почетокот се однесуваше многу поразлично.
В. Навистина го преценив.
4. Што мислите за следнава ситуација: Тој ѝ се додворува цела година. Таа на почетокот го одбива, но по некое време прифаќа.
А. Тоа може да биде почеток на успешна врска. Не е важно како започнала.
Б. Тој ќе биде несреќен, бидејќи ќе ја сака повеќе одошто таа него.
В. Таа нема да биде среќна, бидејќи не го сака.
5. Вашиот партнер доцни и не одговара на вашите повици. Како се чувствувате во таква ситуација?
А. Бесни сте.
Б. Загрижени сте.
В. Изгубени сте.
6. Кои од овие детали би ве навеле да се посомневате во неговата љубов?
А. Особините како што се нетолерантност и непочитување.
Б. Неговите зачестени доцнења и тајните телефонски повици.
В. Недостаток на внимание.
7. Кога љубовта ќе згасне, човек треба…
А. Да тргне во лов по нов партнер.
Б. Да почека времето да ги излечи раните.
В. Целото свое внимание да го посвети на други работи.
8. Победник сте во наградна игра, но мора да изберете помеѓу три понудени награди. Што би избрале?
А. Луксузно крстарење за една личност.
Б. Еден ден во друштво со позната личност на која сте голем фан.
В. Една недела на море за две личности.
9. Која одлука е најтешка да ја донесете?
А. Кога не сте сигурни дали да прифатите или да одбиете нечие додворување.
Б. Кога ќе се запрашате дали да стапите во врска со личност за која не сте сигурни што чувствувате.
В. Кога не го знаете одговорот на прашањето дали сте спремни да започнете заеднички живот со личноста во која сте заљубени.
10. Како ги замислувате поетите кои пишуваат прекрасни љубовни стихови?
А. Тој е грд, осамен, несреќен.
Б. Тој е ведра, насмеана, имагинативна личност.
В. Тој е лудо заљубен.
11. Се плашите дека е крај кога вашиот партнер ќе ви каже:
А. Вечерва нема да се видиме.
Б. Заљубен сум.
В. Треба да разговараме.
12. Како реагирате кога вашиот партнер ќе добие СМС порака и веднаш ќе ја избрише?
А. Лути сте.
Б. Загрижени сте.
В. Ова ви се нема случено.
Најмногу одговори под А:
Најмногу се сакате себеси
Личност како вас никогаш нема да се разболи од љубов бидејќи премногу се сака себеси. Не сте спремни поради некого да си го загрозите вашето здравје и психички мир. Сепак, заљубувањето во вас предизвикува немир и возбуда па го нарушува вашиот секојдневен начин на живот. И вам ви се случува да бидете бесни поради неговото неверство или пак затоа што ве напуштил, но ова трае релативно кратко и не остава никакви последици. Вие имате способност брзо да заборавите и уште побрзо да оздравите од љубовниот неуспех. Вашата тага не трае долго и од овие ситуации излегувате неповредени.
Најмногу одговори под Б:
Премногу сте чувствителни
Кога се радувате, но и кога тагувате вие не сте во состојба да ги контролирате своите емоции и паѓате во некоја чудна, болна состојба како навистина да сте болни. Кога ќе ве стигнат овие емоции вие се чувствувате како да сте на крајот од некоја бездна и нема никој кој може да ве спаси. Меланхолични сте, но понекогаш и вам ви се качува адреналинот. Вам не ви е доволно да почувствувате само физичка привлечност кон некого туку барате длабоки чувства и личност која би ви го променила животот. Љубовните неуспеси тешко ги поднесувате и потребно ви е време да ги излечите своите рани. Прекинувањето на врската може длабоко да ве погоди, но не и да ве уништи.
Најмногу одговори под В:
Хронично боледувате од љубов
Љубовта ја доживувате како голема тага, но и екстаза. Секоја досегашна врска ја следеле длабоки проблеми кои со тек на време стануваат хронични и на крај се претвораат во права експлозија од силни емоции и оставаат длабоки лузни во вашата душа. Премногу сте ранливи, лесно се препуштате на страста, но и на тагата. Заљубувањето потполно ви ја одзема слободната волја, а прекинувањето на врската го убива и последниот атом на сила во вас. Секоја безначајна караница за вас претставува причина за паника, а долготрајните мирни периоди во вас будат внимателност и сомнителност. Љубовта ја споредувате со страдањето и верувате дека тоа е најдобар доказ за вистинската љубов.