Тест: Како делувате на машкиот род?
За да го решите тестот не е важно дали сте во врска или уживате во „соло“ статусот. Овој тест ќе ви покаже каков впечаток им оставате на мажите и што да преземете во врска со тоа.
1. Како го поминавте детството?
а) Во домот владееше добра комуникација проследена со многу заеднички активности.
б) Ретко чувствував емоционална поврзаност со семејството, но научив да живеам со тоа.
в) Семејството ме сметаше за аутсајдер и заради недостиг на самодоверба најчесто се повлекував.
г) Дома постојано се случуваше нешто, а пријателите можеа до доаѓаат во секое време.
2. Се подготвувате на прв состанок со познаник од Интернет. Но, некаде на половина пат ви се крши штиклата. Вие…
а) Ќе продолжите да одите на прсти.
б) Беспомошно стоите на улица.
в) Се насмевнувате и се обидувате да држите рамнотежа со помош на рацете.
г) Продолжувате да одите боси.
3. Здогледувате жена која носи превез. Вашата прва помисла е…
а) Тоа е многу тажно!
б) Дали ужива во тоа што незабележително го гледа светот околу себе?
в) Како ли изгледа?
г) Превезот е навистина практичен. Ги покрива недостатоците, а и не мора да се шминка.
4. Што гледате кога ќе ги затворите очите?
а) Разни слики.
б) Јасни бои и интересни дезени.
в) Нејасна мешавина од бои.
г) Одредени познати ликови.
5. Освен со атрактивниот изглед, со што друго можете да го привлечете неговото внимание?
а) Со отвореност и добро расположение.
б) Со провокативно нишање на колковите.
в) Со остар јазик и интелигенција.
г) Со младешка харизма.
6. Кои вредности ви се најважни во животот?
а) Стабилна и емотивна врска и семејство.
б) Успех во работата, патувања и хоби.
в) Пријателите.
г) Уживање во животот.
7. Како изгледате кога одите до најблиската маалска продавничка?
а) Ги носам омилените фармерки, со малку руменило на образите и сјај на усните.
б) Дотерана како и секогаш. Многу е важно да изгледаш убаво во секоја ситуација.
в) Истрчувам облечена како по дома.
г) Се кријам зад големи наочари за сонце.
8. Пронаоѓате сокриен подарок завиткан во украсна хартија. Очигледно е наменет за вас. Што правите?
а) Погодувам што би можело да има внатре.
б) Не го допирам.
в) Ја одвиткувам хартијата за да знам како да му вратам на тој што ми го купил подарокот.
г) Само ја кинам хартијата.
9. Една третина од мажите велат дека би ги промениле своите навики, ако жените го побараат тоа од нив. Дали верувате во тоа?
а) Не! Мажите се робови на сопствените навики.
б) Ако е во прашање вистинска љубов, би ги намалила барањата.
в) Секако! Но во тој случај жената треба да биде многу паметна.
г) Можеби моментално, но подоцна им се враќаат на старите навики.
10. Згодното момче на вашата пријателка флертува со вас. Како ќе се однесувате?
а) Го прифаќам флертот.
б) Го избегнувам за да не ја повредам пријателката.
в) Му праќам јасна порака дека не флертувам со момчињата на моите пријателки.
г) Ќе ѝ кажам веднаш на мојата пријателка.
11. Кој е вашиот став во врска со сексот?
а) Отворена сум за сè, најважно е и двајцата да сме задоволни.
б) Егоистична сум, моето задоволство е на прво место.
в) Љубопитна сум, но постојат граници кои нема да ги преминам.
г) За мене сексот е потреба, исто како храната и водата.
12. Дали патите од завист или љубомора?
а) Јас ги надминав тие детски работи.
б) Се случува, но само кога ме напаѓа соперничката.
в) Ако некој ме провоцира, знам да бидам и злобна.
г) Таквите чувства ми се непознати. Немам проблеми ни со мажите, ни со жените.
13. Под кои услови би се согласиле да живеете заедно?
а) Дури тогаш кога тој би го побарал тоа од мене.
б) Кога ќе разјасниме кој за што ќе плаќа.
в) Кога ќе бидам сигурна дека нема да ја загубам слободата.
г) Тој би морал прво да научи да си ја пере својата облека.
14. Како се сложувате со неговите пријатели?
а) Тоа понекогаш е многу комплицирано. Тој знае да биде љубоморен на нивните коментари.
б) Не ми пречат сè додека не ни се мешаат во врската.
в) Многу добро. Лесно се вклопив во неговото друштво.
г) Ми се допаѓаат и ми одговара што ме почитуваат.
15. Како би ве опишале најдобрите пријателки?
а) „Таа е вистинска пријателка!“
б) „Малку е комплицирана, но апсолутно е сигурна.“
в) „Покрај неа сите други се само бледа копија.“
г) „Паметна е и знае да се наметне.“
16. На една забава сретнувате згодно момче. Заедно ќе го гледате зајдисонцето…
а) На море.
б) Од прозорецот на луксузниот апартман.
в) Од врвот на планината.
г) Од прозорецот на мојот дом.
17. Во серијата „Озборувачкa“ Серена го заведува момчето на најдобрата пријателка. Како би реагирале вие во таква ситуација?
а) Одмаздата е слатка. Би ѝ го загорчила животот.
б) Би флертувала со најдобриот пријател на моето момче.
в) Веднаш би го откачила момчето.
г) Би ѝ простила. Најважно е пријателството.
18. Каков однос сакате да имате со неговата мајка?
а) Колку што е можно похармоничен.
б) Љубезен, со взаемно почитување.
в) Одмерен и на дистанца.
г) Семејно–пријателски.
19. Жената е најсекси кога…
а) Е закопчана до грло во тесен фустан.
б) Носи бикини.
в) Под деловната облека носи чорапи со жартиери.
г) Носи високи потпетици.
20. Дали заради љубовта би се одрекле од луксузот?
а) Никогаш! Само личноста која е задоволна може да пружи вистинско задоволство на друг.
б) Секако! Луксузот не ми значи ништо.
в) Не, ако под „луксуз“ се подразбираат моите чевли, чанти и облека.
г) Многу тешко. Можеби на некој начин би се одрекла од нешто…
БОДУВАЊЕ: Соберете ги бодовите и дознајте го резултатот.
А | Б | В | Г | |
1 | 20 | 15 | 10 | 5 |
2 | 15 | 10 | 5 | 20 |
3 | 5 | 10 | 20 | 15 |
4 | 5 | 10 | 15 | 20 |
5 | 5 | 15 | 20 | 10 |
6 | 10 | 20 | 5 | 15 |
7 | 10 | 20 | 5 | 15 |
8 | 15 | 10 | 5 | 20 |
9 | 5 | 10 | 20 | 15 |
10 | 10 | 5 | 20 | 15 |
11 | 15 | 20 | 10 | 5 |
12 | 10 | 20 | 15 | 5 |
13 | 5 | 10 | 20 | 15 |
14 | 15 | 20 | 5 | 10 |
15 | 5 | 10 | 15 | 20 |
16 | 10 | 15 | 20 | 5 |
17 | 15 | 10 | 20 | 5 |
18 | 10 | 15 | 20 | 5 |
19 | 15 | 5 | 20 | 10 |
20 | 20 | 5 | 10 | 15 |
До 115 бодови
Искрена и спонтана
Предности: Вашата ведрина и отвореност, искреноста и одредената доза наивност ги воодушевуваат припадниците на посилниот пол. Момчињата покрај вас се опуштени и свесни се за вашето разбирање и поддршка. Со тоа им посветувате доволно внимание и им ги исполнувате желбите.
Недостатоци: Момчињата првенствено во вас гледаат добри другарки, а не нежни љубовници. Причините за тоа се вашата скромност и понизност поради кои не можете да ги привлечете на друг начин, освен на пријателски.
Совет: Истакнете ја женственоста и обидете се да бидете малку попровокативни. Лесен фустан, високи потпетици и малку шминка ќе направат да изгледате помистериозно и ќе го привлечете вниманието на момчињата.
Пример: Камерон Дијаз – освојува со својата ведрина.
Од 120 до 220 бодови
Кревка девојка
Предности: Момчињата ги освојувате со својата слатка беспомошност. Делувате незаштитено, нежно и кревко, како да ви е потребна силна личност која ќе ве заштити. Затоа момчињата се подготвени да ве чуваат како капка вода на дланка.
Недостатоци: Ранливоста всушност е во спротивност со вашиот карактер. Вие сте самостојни и многу попаметни отколку што делувате на прв поглед. Заради тоа, постојано имате чувство дека партнерот ве потценува.
Совет: Момчињата сакаат да бидат заштитници и затоа вашата тактика е прилично успешна. Но, задржете ја индивидуалноста. Покажете сила и бидете упорни кога се работи за исполнување на вашите желби.
Пример: Ен Хатавеј – заведува со својот префинет шарм.
Од 225 до 305 бодови
Фатална и недофатлива
Предности: Момчињата ве следат и подготвени се да направат сè за да дојдат до вас. Зрачите со еротска енергија и со своето однесување како да ветувате незаборавни моменти полни со страст. Со својата недостижност ги излудувате момчињата.
Недостатоци: Не заборавајте дека си играте со оган. Сериозните момчиња се чувствуваат несигурно покрај вас. Се плашат дека ќе бидат напуштени. Често тие побегнуваат први и ве напуштаат.
Совет: Покажете емоции и сочувство, бидете стабилни и сериозни. Престанете да се однесувате ладнокрвно. Откријте ги духовитоста и разиграноста и бидете вистински пријател.
Пример: Скарлет Јохансон – делува навистина неодоливо.
Повеќе од 310 бодови
Моќна жена
Предности: Ги фасцинирате момчињата со атрактвниот изглед, сексапилот, со својата енергија и интелигенција. Во сексот секогаш му пружате поголемо задоволство на партнерот, отколку што очекува тој.
Недостатоци: Вие сте силни личности и затоа момчињата покрај вас немаат шанса да се докажат. Тие се чувствуваат мали, несигурни и помалку вредни. Заради тоа полека ја губат желбата да бидат со вас.
Совет: Наместо да се фалите, поддржете го партнерот. Дозволете му да згреши и не докажувајте се дека сте подобри од него. Побарајте ја неговата прегратка.
Пример: Анџелина Џоли – мажите се плашат од нејзината доминантност.
Ми се свиѓаидејава за тестот освен тоа вистинита е 95%