Тест: Изберете слика и откријте ја посебната порака што треба да ја слушнете
Дозволете ѝ на интуицијата да ве води и изберете ја сликата што ве привлекува најмногу. Сликата што ќе ја изберете носи единствена и посебна порака за вас.
1. Во моментов се чувствувате летаргично и незаинтересирано за постигнување на вашите цели. Можеби претходните настани се причината зошто веќе не сакате да се борите за ништо.
Збунети сте и во моментот навистина не ве интересира ништо. Заглавени сте во својата неизвесност и не знаете како да излезете од неа.
Треба да ја вратите мотивацијата и да се вратите на стариот начин на живот, а не да влегувате во вашиот затворен свет.
Наскоро сè ќе дојде на свое место, затоа е време да дејствувате.
Сè ќе биде добро и нема да има потреба да се грижите за ништо.
2. Наскоро вашите сетила ќе ви помогнат да ги решите сите внатрешни проблеми.
Треба да се усогласите со љубовните вибрации, наместо да го користите умот само кога се соочувате со проблеми во врската.
Користете ги љубовните вибрации за да ја запознаете другата страна и ситуацијата во која се наоѓа.
Со споделување на вашата љубов и на вашите топли намери, ќе можете да ги видите работите појасно, а потоа ќе постои и повеќе надеж дека сè ќе се подобри.
Опкружете се со позитивни луѓе кои ве сакаат и ве поддржуваат. Исклучете го телевизорот, направете пауза од технологијата и бидете присутни.
3. Резултатите што ги добивате можеби не се онакви какви што сте очекувале. Можеби се движите кон вашите цели во моментов, но, сепак, може да има нешто што не го гледате и поради тоа може да си создадете многу проблеми.
Треба да продолжите да напредувате, но бидете свесни за можните последици од вашите постапки.
Можеби сте запоставиле некои работи затоа што сте толку ориентирани кон целите, а тие работи може да ви предизвикаат главоболки. Обрнете внимание на предупредувачките знаци што се појавуваат во вашиот живот.
Можеби ќе треба да преземете многу обврски што ве оптоваруваат и прават да се чувствувате несигурно. Можеби вашето расположение и вашиот став нема да ги израдуваат оние околу вас. Но, вашата вера, отвореностa и верувањаta не треба да се менуваат, затоа бидете смирени и будни.
Потребна е трпеливост. Треба да бидете многу внимателни во сè.
Извор: Atma.hr