Тест: Изберете облик и откријте за која професија сте родени
Тестот на д-р Сузан Делингер ќе ви помогне да откриете нешто повеќе за себе и за работата со која (ќе) се занимавате. Методот на облици на кој се темели тестот е идеален за препознавање на сопствените квалитети, но и мааните кои нè спречуваат да чувствуваме задоволство во работата и да ги постигнуваме целите.
За да откриете дали го имате пронајдено вистинското животно занимање или она кое е најидеално ве чека во иднина, потребно е внимателно да ги разгледате облиците и да го изберете оној кој мислите дека најдобро ве претставува како личност. Потоа организирајте ги останатите форми од најпривлечната до најмалку привлечната.
1. Круг
Вам најважни ви се добрите меѓучовечки односи, односно важно ви е оние кои се во вашата околина да бидат среќни. Вие сте лепило кое ги држи сите соработници заедно. Во состојба сте да ја стабилизирате групата и поседувате висок капацитет за емпатија и радост, а болката на другите ја чувствувате како своја. Вашите маани како склоноста да зборувате за другите, неодлучноста, мрзеливоста и самопожртвуваноста често ве „јадат “и не ви дозволуваат да го пронајдете сопствениот мир, како ни да добиете признание за успех.
Идеални професии: глума, маркетинг, историчар, домаќинка, менаџер за човечки ресурси, учител, угостител, писател.
2. Квадрат
Сакате напорно да работите, борбени сте и секогаш сакате да го завршувате она што ќе го започнете. Некои од поголемите ваши квалитети во сите животни ситуации се вашата трпеливост и методичност. Но, со оглед на тоа дека сте во состојба секој детаљ во работата детално да го проверите, што ја успорува вашата одлучност, тешко ќе дотуркате до шефовска позиција. Заради доминантното користење на левата страна на мозокот, која ја карактеризира логичко размислување, никогаш не го слушате својот внатрешен глас туку сте во состојба попрво со часови да анализирате како да дојдете до решение отколку да си ја послушате интуицијата.
Идеални професии: сметководител, банкарски службеник, програмер, градежен работник, доктор, инженер, секретар, трговец, возач.
3. Триаголник
Вие сте роден менаџер, лесно можете да се фокусирате на одредена цел и промислено и брзо да ги анализирате ситуациите, a новите информации ги впивате како сунѓер. Многу сте самоуверени и сакате во сè да бидете во право, затоа не е чудно што ви е толку тешко да признаете грешка. Вашите предности се контрола, критичност, иновативност, прецизност, визија, амбиција, компетитивност, одлучност, фокусираност, склоност за почитување на хиерархијата. На патот кон остварување на високо поставените цели ви пречат нетрпеливоста и самоориентираноста.
Идеални професии: архитект, претприемач, дизајнер, економист, директор, адвокат, војник, пилот, политичар, синдикалист.
4. Правоаголник
Исто каква што е формата на правоаголникот која наставува од еден облик а преминува во друг, така и вие постојано се обидувате да седите на две столици. Никако не ги препознавате сопствените квалитети и постојано барате излез од моменталната ситуација. Другите би ве окарактеризирале како збунети и луѓе со недостаток на самодоверба, додека пак од друга страна ве одликуваат љубопитност и храброст. Вие ќе се обидете да направите нешто што никој дотогаш го нема направено и прашувате сè што другите немаат храброст да прашаат.
Идеални професии: претприемач, аниматор, раководител на оддел, јавен изведувач.
5. Цик-цак
Многу сте креативни, исто како што симболизира знакот. Се потпирате на имагинацијата, имате способност да создадете избалансиран поглед на светот и да ја видите неговата внатрешна убавина. Но, од друга страна многу сте немирни и не можете долго да работите на едно место. Ви станува здодевно, посебно бидејќи верувате дека ништо не е конечно и запишано во правилата. Лесно смислувате идеи, но проблем е што тешко ги реализирате бидејќи едноставно гледате за три чекори нанапред и повеќе ве интересира можноста за остварување отколку самата реалност.
Идеални професии: уметник, дизајнер на ентериер, изумител, музичар, професор, промотор, истражувач, столар.
Мислам дека во случајов пресудни беа боите на фигурите. Сината боја ја означува мојата смирена страна, додека жолтата – моите тежнеења и упорноста. Сметам дека подобар би бил ефектот доколку фигурите се безбојни 🙂