Тест: Изберете мост во бојата која ви се допаѓа и дознајте некоја карактеристика за себе
За да се сретнат децата на оваа слика, потребно е да им нацртате мост. Која боја би ја одбрале вие? Размислете добро, а потоа, врз основа на вашиот одговор, во продолжение откријте некоја карактеристика за себе.
Црвена
Вие сте многу упорни. За вас не е карактеристично делумно да ги завршувате работите. Дури и ако не сте секогаш добри, вашите пријатели ве сакаат, исто како и вие нив.
Сина
Вие сте чувствителна и романтична личност и честопати сакате да фантазирате. Секогаш го слушате своето срце и верувате во љубов на прв поглед.
Кафеава
Вие сте сериозна и вредна личност и сметате дека не треба да ги прекршувате правилата. Не секогаш покажувате флексибилност, па затоа околината понекогаш мисли дека сте тврдоглави.
Зелена
Вие сте интересна и креативна личност. Честопати привлекувате внимание со својата креативност, љубопитност и добар вкус.
Бела
Верувате во сѐ што е добро, а се трудите да го избегнувате сѐ она што не спаѓа во оваа категорија. Понекогаш знаете да бидете и малку арогантни.
Црна
Многу сте внимателни и не се отворате лесно пред другите. Никој не знае што навистина се крие зад вашата насмевка.