Тест: Изберете го она што ве плаши, па дознајте што е најкарактеристично за вас
Дали по природа сте перфекционист, забавна личност или борец? Психолозите тврдат дека постојат 9 видови личности и дека на вашиот карактер најмногу влијае она што ве плаши. Со цел да откриете какви сте, прочитајте го прашањето, добро размислете, изберете еден од понудените одговори и прочитајте што е она што ве карактеризира.
Што најмногу ве плаши?
- Несовршенство – Тип 1
- Самотија – Тип 2
- Неуспех – Тип 3
- Вулгарност – Тип 4
- Загрозување на приватноста – Тип 5
- Предавство – Тип 6
- Досаден живот – Тип 7
- Слабост – Тип 8
- Конфликти – Тип 9
Доколку избравте, еве што значи вашата одлука…
Тип 1
Перфекционист
Честопати мислите дека не сте компетентни за да завршите некоја задача и секогаш нешто ви недостасува за да бидете задоволни. Строги сте, чесни и барате премногу. Ретко покажувате емоции, не издржувате критики, не сакате да грешите, а уште помалку сакате некој да забележи дека не сте совршени. Губењето на самоконтролата врз работите и настаните го доживувате како понижување. Не ги прифаќате своите ограничувања и премногу сте самокритични.
Тип 2
Помошник
Сѐ е во ред додека луѓето во вашата околина се задоволни. Љубовта е ваш главен мотив. Имате развиена интуиција, сакате да правите добри дела и да им помагате на блиските, затоа што тоа ве прави среќни. Љубезни сте и благородни и туѓите потреби секогаш ви се поважни од личните. Своите желби честопати целосно ги игнорирате и се плашите од самотија.
Тип 3
Борец
Работа, работа и само работа е вашето животно мото. Неуморни сте, постојано сте во движење и секогаш копнеете за позитивни резултати. Добро сте организирани и сѐ она што го планирате, го остварувате. Никогаш не ви е здодевно, а секоја пречка ја доживувате како предизвик. За вас не постојат проблеми, туку само решенија. Секој слободен момент го користите за работа. Верувате во тоа дека другите ќе ве сакаат само ако бидете успешни.
Тип 4
Чувствителен
Не толерирате просечност и вулгарност и не ве привлекува просечниот живот. Вие сте во потрага по извонредна убавина, оригиналност и, пред сѐ, силни емоции. Вие умеете да сочувствувате со другите, имате уметничка душа и по многу работи се разликувате од просечните луѓе. Сонувате за подобар свет и честопати прибежиште барате во светот на фантазијата. Чувствата ви се премногу важни.
Тип 5
Набљудувач
Се држите на растојание од другите и повеќе ви одговара улогата на набљудувач и внимателен слушател. Сакате да имате добар преглед во ситуацијата и случувањата, сакате да учите и подобро да го разберете светот кој ве опкружува. Не сакате некој да се меша во вашата приватност, ниту пак да ги откривате своите емоции пред толпата. Полека ги градите своите врски и никогаш не кажувате премногу за себе.
Тип 6
Строго се придржувате кон правилата
Имате потреба за сигурност и доверба. Сакате да бидете дел од тимот, но само под услов да постојат јасно дефинирани правила на функционирање. Го почитувате законот, а кога некогаш ќе направите нешто „неприфатливо“, тогаш ве прогонува чувство на вина. Најдобро се чувствувате кога сте во друштво на луѓе во кои имате целосна доверба и со кои нема изненадувања.
Тип 7
Забавувач
Вие сте хедонист во душата и сте во постојана потрага по нови задоволства. Имате голем круг пријатели, сакате да патувате и да запознавате нови луѓе. Љубопитни сте, отворени за нови искуства и секогаш позитивно расположени. Не сакате да слушате тажни приказни, избегнувате сѐ што е грдо и ве интересираат само новите и пријатни возбудувања.
Тип 8
Шеф
Не толерирате слабост и жалење дека животот е тежок. Сметате дека е важно една личност да биде праведна, да умее да се контролира, да биде способна да се грижи за себе и да ги заштити послабите. Ги цените успешните луѓе и сметате дека животот е постојана борба и дека ништо не можете да постигнете со леснотија. Сакате да бидете главни во друштвото и секогаш сте спремни да ја понудите својата помош.
Тип 9
Посредник
Ваш главен водич е потрагата по мир и хармонија во секоја ситуација. Избегнувате конфликти, затоа што не сакате да заземете нечија страна, ниту да ги повредувате другите. Сакате да работите во опуштена атмосфера, без притисок и да имате јасно дефинирани одговорности. Ретко се лутите, имате развиена интуиција и свесни сте за своите и туѓите мани и доблести.