Тест: Изберете едно срце и откријте ја вашата љубовна порака

Тест: Изберете едно срце и откријте ја вашата љубовна порака

Изберете го срцето што ве привлекува најмногу и откријте ја скриената љубовна порака за вас.

Тест: Изберете едно срце и откријте ја вашата љубовна порака

Срце облак

Во моментов сте во фаза каде што треба да застанете и да пронајдете фокус. Вие сте изгубени и не можете да го пронајдете вистинскиот пат за себе.

Не знаете што да направите со вашата врска или не знаете по кој пат да одите кога барате партнер.

Бидете многу внимателни кога донесувате одлуки. Најдобро е да паузирате некое време и да почекате да се стабилизираат вашите емоции. Тогаш ќе ви биде многу полесно да донесете правилна одлука за себе.

Срце лист

Во моментов сте во многу несреќна фаза од вашиот љубовен живот, без разлика дали сте разочарани од љубовната врска во којашто сте, страдате од осаменост или сè уште ве боли срцето од тоа што ви се случило во минатото.

Ова срце ве советува да ја прифатите ситуацијата таква каква што е.

Исплачете се и одвојте време за анализирање на моменталната состојба.

Иако сега сте во болна фаза, треба да знаете дека ова е најдобро за вас и дека ова искуство ќе ви биде од голема корист во иднина.

Срце балон

Во моментов сте во прекрасна емотивна фаза. Можно е да сте во прекрасна врска или да сте многу близу до реализација на прекрасна љубовна приказна.

Во секој случај – ова е показател дека вашите емоции се хармонични. Живеете во љубов или таа ќе тропне на вашата врата секој миг.

Срце цвеќе

Во овој момент, вие сте среќни и исполнети со вашиот емотивен живот.

Ова е показател дека сте во мир со себе и отворени за нова љубов.

Веројатно сте слободни и затоа вашите емоции се во совршена рамнотежа – подготвени да примат љубов.

Љубовта наскоро доаѓа во вашиот живот или едноставно ќе продолжите да уживате во љубовта кон себе!

Изберете карта за да откриете кога ќе се оствари вашата желба

Тест: Изберете карта за да откриете кога ќе се оствари вашата желба

Извор: Atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар