Тест: Дали треба да се опуштите?
Како го живеете вашиот живот? Дали сте спонтани или пак, дури и најмалите ситници ви се испланирани? Можеби пак, сте ја нашле совршената средина помеѓу овие две крајности? Решете го следниов тест и дознајте…
1. Се движите кон вашиот омилен ресторан, каде што треба да се најдете со вашата пријателка, но таа ви испраќа порака да пробате некој нов тајландски ресторан. Вие ѝ одговарате:
а) Може! Или можеби треба да пробаме кинеска храна? Или суши? Ах, не знам!
б) Хм… Во ред! Мразам зачинета храна, па затоа ќе јадам само ориз.
в) Не сум за тоа, ама пак ќе ги прифатам твоите промени на планот во последен момент, иако знаеш дека го мразам тоа.
2. Во улога на деверица, вие најчесто ги исполнувате вашите должности така што:
а) Ох леле, имам некои должности?
б) Стискам заби и правам сè што е потребно… Покрај неколку чашки шампањ, можеби и повеќе одошто би требало.
в) Праќам голем број мејлови до останатите деверици со инструкции изработени во Ексел за секоја од нив да си ја знае својата задача.
3. Од 3-те женски ликови во ТВ серијата „Пријатели“, вие најмногу се идентификувате со:
а) Фиби, бидејќи нема никаков животен план.
б) Рејчел, затоа што е алфа во женскиот свет.
в) Моника, бидејќи… Еј, кој го истурил тоа на масата?
4. На забавите, вие најчесто:
а) Разговарате со девојка која случајно се нашла зад вас во редот за тоалет и ја оставате вашата пријателка сама.
б) Тивко ги озборувате останатите луѓе во просторијата, заедно со вашата најблиска екипа.
в) Започнувате напната дебата за кризата во друштвото со момчето кое ви понудило пиво.
5. Вашиот дечко се обидува да ве убеди да се извлечете од работа и да одите со него на продолжен викенд. Вашиот одговор?
а) Само викенд? Ајде да одиме цела недела!
б) Имам тон обврски кои треба да ги завршам, но… Ајде, зошто да не?
в) Некои од нас имаат сериозни обврски. Не се занесувај.
Одговори