Тест: Дали сте зависни од храна?

Тест: Дали сте зависни од храна?

Што е зависност од храна? Зависноста од храна е сериозен проблем кој за жал сè уште нема соодветно објаснување во науката. Сепак научниците успеале да покажат дека овој вид зависност може да се појави кај различни луѓе со различни видови тела. Суштината на проблемот може да се изрази на неколку начини: некои се опседнати со броење калории, некои се грижат за секој гризнат залак, додека други често се прејадуваат. На прв поглед можеби оваа зависност изгледа безопасно, но по долга изложеност може да доведе до големи непријатност, па можеби дури и депресија. Па, доколку сакате да откриете дали и вие имате ваков проблем, тогаш ви препорачуваме да го направите следниов брз и едноставен тест.

Тест: Дали сте зависни од храна?

1. Дали ви се случило да сакате да застанете, но едноставно да не сте можеле да престанете да јадете?

2. Колку често размислувате за храна и за вашата телесна маса?

3. Дали постојано користите диети кои не даваат видливи резултати?

4. Дали се ослободувате од внесената храна преку повраќање или со помош на лаксативи?

5. Дали храната ви делува поинаку кога јадете сами отколку кога јадете со пријателите?

6. Дали јадете неколку пообемни ужини наместо неколку помали на ден?

7. Дали јадете од досада, дури и кога не сте гладни?

8. Дали јадете во тајност, криејќи се од другите?

9. Дали спаѓате во оние луѓе кои јадат многу, а кои постојано зборуваат дека ништо не јадат?

10. Дали сте опседнати со бројот на калории и постојано размислувате како да ги согорите во текот на денот?

11. Дали се срамите после јадење?

12. Дали ја криете храната за да бидете сигурни дека ќе имате доволно?

13. Дали некогаш сте украле храна?

14. Дали мислите дека вистинскиот живот започнува откако ќе изгубите тежина?

15. Дали губењето килограми ви изгледа како недостижна цел?

Секој потврден одговор е само уште еден доказ дека најверојатно веќе имате зависност од храна или пак, сте на пат да ја развиете. Па, како да се изборите со овој проблем? Најпрво престанете да се ограничувате за исхраната и постојано да ги броите калориите на сите производи. Здравиот живот не се ограничува на пресметки, туку на видот храна која ја внесувате во вашето тело. Постојат многу производи од кои можете да имате корист во неограничени количини, без разлика на калориите. Доколку не можете сами да ја пронајдете најдобрата исхрана за вас, консултирајте се со нутриционист.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар