Тест: Дали сте среќна личност?

Тест: Дали сте среќна личност?

Замислете живот каде што секој ден ви е исполнет со среќа и безгрижност. Ние самите можеме да креираме и притоа да уживаме во прекрасни, задоволни денови со правење мали едноставни промени во секојдневниот живот. Сите се соочуваме со проблеми, потешкотии и пречки, кои можат да ни го уништат денот. Но, со промената на ставот и неколку совети, дури и во најмрачните денови, ќе успееме да ги подобриме тие денови претворајќи ги во подобри.

(1) test-dali-ste-srekjna-lichnost

Во продолжение решете го тестот со одговарање „да“ или „не“ и погледнете ги резултатите на крајот:

  • Обично сум мирен/мирна во тешки и предизвикувачки ситуации
  • Прилично сум задоволен/на со себе
  • Обично донесувам добри одлуки и избори
  • Обично не се каам поради своите одлуки и избори кои ги правам. А, доколку донесам погрешна одлука, се трудам да ја коригирам
  • Преземам одговорност за сите мои постапки и одлуки
  • Не ги обвинувам другите за произлезот на негативни резултати
  • Имам отворен ум
  • Го почитувам своето мислење, како и на другите
  • Избегнувам конфликти и расправии

Доколку одговоривте на повеќето прашања со „да“, тогаш сметајте дека сте среќна личност, во спротивно ви предлагаме неколку совети кои ќе ви помогнат во подобрувањето на вашиот секојдневен живот.

Што би промениле за да се чувствувате посреќни?

Имајте на ум дека станува збор за среќа на долгорочен план. На пример, можете да престанете со конфликтите кои ве исцрпуваат, или едноставно да ги промените вашите реакции на околностите кои ви предизвикуваат стрес.

Која ви е првата мисла веднаш штом се пробудите?

Дали се радувате на новиот ден, или се чувствувате уморни? Што ве мотивира да станете од кревет? Донесете одлука да го промените она што ви предизвикува да се чувствувате лошо уште рано наутро, без разлика дали тоа ќе биде терапија, физичка активност или консултации со стручно лице.

Дали сте нерасположени кога на некој не сте му опростиле нешто?

Тешко е да се биде среќен и полн со енергија, а истовремено да чувате бес во себе. Какво добро може да ви донесе тоа токсично чувство? Едноставно ослободете се од него. Опростете 1 на личноста, и пуштете го бесот и немоќта да заминат од вашиот живот.

Дознајте и Што ви е најважно во животот така што ќе го решите овој 2-секунден тест!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар