Тест: Дали сте сè уште опседнати со бившиот?

Тест: Дали сте сè уште опседнати со бившиот?

Проверете што вистински се крие во вас кога станува збор за вашиот бивш дечко. Преоѓате на другата страна на улицата кога ќе го видите и три пати плукате или и понатаму сте возбудени што го гледате? Одговорете на овој тест и откријте до каде сте со прифаќањето на новата состојба дека не сте повеќе заедно.

1-test-dali-ste-se-ushte-opsednati-so-bivshiot-kafepauza.mk

1. После раскинувањето се впуштате во потрага по нов дечко кој е:

А) Копија на дечкото со кој сте раскинале.
Б) Кој било сладок дечко кој ќе ви ги оттргне мислите од бившиот.
В) Тотална спротивност на бившиот.

2. Како се чувствувате кога сакате да одите во кафуле или ресторан каде што порано често сте оделе заедно?

А) Тажно и носталгично, но нема да го избегнувате местото.
Б) Тоа е неутрална територија. Ако го сретнете, може да биде дури и забавно.
В) Тоа е забранета зона. Овој град не е доволно голем за двајцата.

3. Што ќе направите кога ќе почувствувате ненадејна потреба да го видите?

А) Ќе измислите причина за да му напишете порака.
Б) Ќе го шпионирате неговиот Фејсбук профил.
В) Се воздржувате. Во истиот момент кога сте прекинале, го бришете од листата на пријатели и од контактите во вашиот телефон.

4. Кога зборувате за бившиот пред пријателите, тие:

А) Изгледаат загрижено и ве прашуваат дали сте запознале некој нов интересен тип.
Б) Превртуваат очи додека го браните што го имал тој некоректен однос кон вас.
В) На ваша страна се и истакнуваат дека сте многу посреќни откако не сте заедно.

5. Колку писма, подароци и други ситни спомени имате задржано после раскинувањето?

А) Ништо. Сте му вратиле еден куп ствари, а остатокот го имате подарено на друг или сте го фрлиле.
Б) Само фотографиите од годишниот одмор и вредниот накит кој ви го има подарено.
В) Сè. Неверојатно колку долго можете да го чувствувате неговиот мирис на себе од маицата која ја има заборавено кај вас.

2-test-dali-ste-se-ushte-opsednati-so-bivshiot-kafepauza.mk

Резултати:

Најмногу одговори под А – Време е за промени

Тажната љубовна вистина е ваква – праќањето пораки или „случајното“ среќавање со него нема да го натера да ве моли на колена да му се вратите. Така ќе го храните неговото его, а вие психолошки ќе се блокирате и нема да бидете отворени за многу други момци. Вратете си ја силата. Спакувајте ги сите подароци од него и обидете се никако да не го контактирате. Запомнете, оној вистинскиот ќе ве прогонува, а нема да ве тера да се докажувате дека сте вредни за него.

Најмногу одговори под Б – Подобро ви е без него

За вас бившиот е како апарат со колачиња на жетони – предизвикувачки кога нема ништо подобро, но и недоволно добри за да се заљубите. Се чувате за нешто многу подобро, па затоа им се обраќате на пријателите кога сте осамени и не тагувате за спомените. Сепак, ја цените врската заради она што била и знаете дека тоа било едно искуство кое многу ви помогнало да сфатите кои карактеристики ги сакате кај партнерот, а кои не.

Најмногу одговори под В – Тајно опседната

Мислете дека тоа што сте ги избришале неговите броеви докажува дека сте го преболеле? Не е точно. Колку и да го потиснувате тоа во себе, лутината и тагата заради раскинувањето ќе ви се вратат и ќе ве прогонуваат. Покажете ги тие чувства што ги имате во себе, а потоа запишете ги добрите работи кои ги имате научено од врската. Истражувањата покажуваат дека тоа создава позитивни чувства кои ќе ви помогнат да одите понатаму.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар