Тест: дали размислувате како маж или како жена?

Тест: дали размислувате како маж или како жена?

Можеби сте привлечни како Мерлин Монро или елегантни како Џорд Клуни, но наспроти женствениот /мажествениот изглед, вашиот мозок можеби не ви е од истиот пол. Изненадени сте?

Експертите тврдат дека нашето тело и мозок не мораат да бидат од истиот пол. Така, во мозокот на фетусот иницијално се наоѓаат женски хормони и дури подоцна во него доаѓаат и машките хормони. Некои фетуси се изложени под дејство на поголема количина машки хормони. Тоа е и научната основа на теоријата за различните полови на мозокот и телото.

Тест: дали размислувате како маж или како жена?

Машкиот мозок размислува логично и праволиниски, додека женскиот мозок во поголема мера користи интуиција, ги поврзува различните и случајно избрани работи и лесно преминува од една кон друга тема. Машко–женскиот однос во мозокот е одреден од количината на тестостерон на која била изложена вашата мајка во текот на бременоста. Научниците велат дека организмот на жените кога се под стрес, произведува повеќе андроген, од кој подоцна настануваат машките хормони. Поради тоа, возможно е во организмот на жените да се наоѓа необично големо количество естроген (женски хормон), кој ги маскира машките хормони. Воедно, консумирањето поголеми количини од производи од соја, го подигаат нивното на естроген во вашето тело.

Како овој тест може да ви помогне? Откривањето на половата ориентација на вашиот мозок, како и на луѓето кои ве опкружуваат, може да ви го промени животот. Тоа сознание влијае на сите сфери од животот, од спалната соба до канцеларијата. На пример, доколку работите исклучиво само со жени и никако не можете да најдете заеднички јазик со вашите колешки, тоа најверојатно значи дека вашиот мозок е помашки, во однос на нивните мозоци. Така, одредувањето на полот на вашиот орган за размислување и емоции, ќе ви помогне да ги промените клучните работи во вашето однесување, а доколку ги натерате вашиот партнер и пријателките да го решат овој тест, ќе ги откриете и мотивите на нивното однесување.

1. Погледнете ја дланката на раката со којашто пишувате. Вашиот домал прст е:

а) Подолг од показалецот (2 поени)

б) Пократок од показалецот (1 поен)

в) Речиси се иста големина (0 поени)

2. Дали вашата мајка има работено стресна работа (или била изложена на некаков друг вид стрес) во текот на првото тримесечје од бременоста?

а) Да (2 поени)

б) Не (0 поени)

3. Дали понекогаш ги мешате левата и десната страна?

а) Да (0 поени)

б) Не (2 поени)

4. Добивте работна задача поради која ќе морате да се натпреварувате со вашите колеги. Вие сте…

а) Исплашени и загрижени (0 поени)

б) Возбудени и особено мотивирани (2 поени)

5. Дали вас ве нервираат луѓето кои многу зборуваат?

а) Да (2 поени)

б) Понекогаш (1 поен)

в) Не (0 поени)

6. Дали ви претставува проблем да чуете што луѓето зборуваат во просторија во која има бука и гужва?

а) Да (2 поени)

б) Понекогаш (1 поен)

в) Не (0 поени)

7. Си пеете караоке, а луѓето кои ве слушаат…

а) прават гримаси (2 поени)

б) ви се смеат (1 поен)

в) импресионирани се од вашите вокални способности (0 поени)

8. Заедно со пријателките учествувате во некој натпревар. Колку ви е вам важно да ги победите, на скала од 1 до 10?

а) 1-3 (0 поени)

б) 4-6 (1 поен)

в) 7-10 (2 поени)

9. Во кои од наведените активности најмногу уживавте додека бевте дете?

а) Качување по дрво (2 поени)

б) Возење велосипед и ролери (2 поени)

в) Собирање предмети и нивно сортирање по категории (2 поени)

г) Расклопување на работи за да дознаете како функционираат (2 поени)

д) Сите физички активности за кои е потребна енергија (2 поени)

10. Најчесто одбирате пријатели…

а) на кои им се восхитувате и од коишто можете да учите (2 поени)

б) кои ви се допаѓаат, ама тоа не мора да значи и дека ги цените (0 поени)

в) кои се комбинација од двете категории (1 поен)

11. Кога одите во шопинг вие…

а) морате сѐ да разгледате пред да ја донесете конечната одлука што да купите (0 поени)

б) имате одредени работи на ум и само нив ги купувате (2 поени)

в) се однесувате и на едниот и на другиот начин, зависно од ситуацијата (1 поен)

12. Доколку некој ве прекине додека работите, дали можете набрзо повторно да се концентрирате?

а) Да (0 поени)

б) Не (2 поени)

13. Вашиот ракопис е…

а) совршено уреден (0 поени)

б) прилично уреден (1 поен)

в) па… речиси нечитлив (2 поени)

14. Љубовта и работата брзо ви досадуваат – точно или неточно?

а) Точно (2 поени)

б) Понекогаш точно (1 поен)

в) Неточно (0 поени)

15. Разгледајте ги книгите на полиците во вашиот дом. Дали на нив се наоѓаат…

а) воглавно историски романи, биографии и слично (2 поени)

б) воглавно фикција (0 поени)

в) по нешто од сите жанрови (1 поен)

16. На одмор сте. Кои од следниве тврдења се однесуваат на вас:

а) Можете да го сфатите локалното население благодарение на вашата моќна интуиција, разбирање на говорот на телото и слично, иако не го разбирате јазикот којшто го зборуваат луѓето. (0 поени)

б) Штом се сместите во вашиот апартман/хотел, веднаш почнувате да се распакувате и да ги складирате стварите по орманите. (2 поени)

в) Доколку не ви се допаѓа сместувањето, одма го напуштате и тргнувате во потрага по подобро. (0 поени)

г) Се чувствувате изгубено ако немате мапа за местото на коешто сте дошле. (2 поени)

Резултати – вашиот мозок е:

До 12 поени: изразено женски

Работа: Вашата мајка во текот на бременоста била изложена на мала количина тестостерон. Тоа значи дека нивото на кортизол (стрес-хормонот) во вашиот организам рапидно расте во ситуациите кои бараат натпреварување и брзо решавање на проблемите. Од друга страна, таквите ситуации кај личностите кои имаат машки мозок, предизвикуваат прилив од допамин (хормонот на задоволството). Поради тоа, секогаш кога имате стресен период на работа, надвор од работното време се трудите да правите активности кои ве релаксираат.

Социјален живот: Дали сте знаеле дека личностите кои имаат женски мозок, слушаат од два до десет пати подобро од мажите? Центарот за јазик се наоѓа во двете половини од вашиот мозок, што ви овозможува да зборувате со повеќе личности истовремено. Поради тоа, вие сте вистински „лепак“ во друштвото.

Љубов: Доколку вашиот партнер е типичен маж (изгледа и се однесува мажествено) тогаш имајте на ум дека нему повеќе му се потребни мир и тишина отколку зборување, за да може да се опушти после стресниот ден. Поради тоа, тој не може секогаш да го следи вашиот неповрзан процес на размислување и вие треба да се потрудите со него да бидете поконцизни и да не скокате од една кон друга тема на разговор.

13-21 поени: машко-женски

Работа: На работното место, жените најчесто ги извршуваат своите задачи и се социјализираат врз основа на своите убедувања и интуиција, додека мажите честопати се агресивни и натпреварувачки расположени. Како „комбинирана“ личност, вие успевате да воспоставите рамнотежа помеѓу тие особини, што претставува ваша предност. Поради тоа вие имате потенцијал да бидете одличен организатор.

Социјален живот: Доколку вашите пријатели ги одбирате врз основа на тоа какви квалитети и вештини поседуваат, а не врз основа на тоа дали вам лично ви се допаѓаат, кај вас доминира машкиот дел од мозокот. Од друга страна, доколку вашите пријатели се во главно луѓе кои многу зборуваат, а не покажуваат некои особени вештини, тоа значи дека вашиот мозок во однос на друштвените односи е повеќе женски.

Љубов: Погледнете на кои од прашањата од тестот одговоривте со два бода или со ниту еден бод, за да идентификувате кои делови од вашиот мозок се помашки, а кои поженски. Потоа, споредете ги со резултатите на вашиот партнер и откријте каде не се согласувате. Женскиот мозок е добар во одгатнувањето на говорот на телото и донесувањето одлуки засновани на интуиција, додека машкиот мозок функционира на обратен, попрактичен начин.

22 и повеќе поени: многу машки

Работа: Не паничете и не грижете се. Сосема е возможно да бидете најженствената дама во светот, но да имате „мачо“ мозок. Вашата најголема моќ е желбата за преземање ризици и во најголемиот број од случаите, жените кои имаат машки мозок успеваат да се искачат до врвот на кариерата. Сепак, треба да бидете внимателни бидејќи концентрацијата ви е слаба страна. Личностите со машки мозок не можат да бидат посветени на една задача подолго од 5 минути.

Социјален живот: Големи се шансите во друштво да не се однесувате како типично женско. Додека вашите другарки се подготвени долго и детално да зборуваат на некоја тема, вам повеќе ве интересираат фактите. Женскиот мозок е програмиран да дистрибуира детали, а машкиот мозок е способен да ги решава проблемите.

Љубов: Центарот за секс во машкиот мозок е два до три пати поголем од женскиот. Затоа, доколку вашиот партнер има поженски мозок од вашиот, потрудете се да бидете потактични со него и да имате поголемо разбирање за неговите емоции.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. bvlallal Reply

    nema veza

  2. marina Reply

    interesno :))

  3. Калинчар Reply

    Во бодувањето на одговорите од првото прашање,малку ми нема лоѓика,и не ја разбирам поентата на деветото прашање во кое сите одговори носат ист број на бодови,предпоставувам и таму се работи за истата грешка

  4. DDD Reply

    masko- zenski 21p 😀

  5. MCRmay Reply

    Dodusha… mislam deka e tocno haha 🙂
    zhensko sum, ama ne se pnasham bash taka, maskudanka sum mnogu poveke od 97-8% od moite drugarki,no ubavo mi e, inace 23 poeni 🙂

    • Angela Reply

      Јас имам 26 поени, а сепак сум далеку, многу далеку од тоа да сум како тебе, така да нема врска тоа каква си со каков резултат ти излегол.

Остави коментар