Тест: Дали постои насилство во вашата љубовна врска?

Тест: Дали постои насилство во вашата љубовна врска?

Можеби сте заљубени во вашиот партнер, само ви се допаѓа или на некој начин го мразите. Без разлика какви чувства имате кон него и кој пол сте, важно е да сфатите дека секој е подложен на ментална или физичка злоупотреба. Менталната злоупотреба настанува кога една личност ѝ предизвикува на друга ментална штета која може да резултира со психолошка траума (анксиозност, депресија и слично). Физичката злоупотреба пак се дефинира како употреба на физичка сила од едно лице кон друго, што резултира со штета и физичка повреда.

Квиз: Дали сте во насилна врска?

Како можете да реагирате при злоупотреба?

Доколку забележите злоупотреба во вашата врска, вие или ќе барате некое логично објаснување за истата, или пак ќе станете премногу исплашени, а понекогаш може да дојдете до таква точка каде што мислите дека не можете да си заминете и дека немате излез. Некои придружни реакции се депресијата, анксиозноста, болест, тежок стрес, болка во градите, мозочен удар, губење или нагло покачување на тежината, промени на кожата, на косата, па дури и во вашето емоционално однесување.

Не паѓајте на извинувањата од вашиот партнер, најчесто тие се стапица

Дури и ако вашиот партнер ви се извинува и ве потсетува на убавите заеднички моменти, тоа не значи дека злоупотребата од негова страна ќе престане да постои, ниту пак има оправдување за таквите постапки. Доколку тоа се случи еднаш, најверојатно ќе се случи повторно и тоа можеби на полош начин. По секоја бурна фаза, ќе доаѓаат моменти на извинување, каење и нудење лажна надеж. Можеби тогаш ќе добиете подароци од вашиот партнер и кон вас ќе се однесува со најголема почит и внимание, но во реалноста, оваа фаза е дел од целокупниот процес на злоупотреба. Овој бескраен циклус е стапица и можете да го загрозите вашето здравје доколку останете во неа, а како што минува времето, ризикот сѐ повеќе се зголемува!

Важните прашања и суровата реалност

Многу е важно да се запрашате себеси дали сте во насилна врска. Ова не значи дека секоја личност треба да си го постави ова прашање, туку оние кои мислат дека можеби се наоѓаат во ваква ситуација. Нормално е секоја љубовна врска да има свои подеми и падови, но важно е да разликувате што е нормално, а што излегува надвор од границите на нормалата. За таа цел, обидете се да го решите овој тест. Бидете реални, колку и да ви е тешко, а на крај соберете ги поените, па дознајте го резултатот.

Квиз: Дали сте во насилна врска?

1. Дали сте вознемирени/нервозни кога се наоѓате околу вашиот партнер?

А) Не (0 поени)

Б) Понекогаш (1 поен)

В) Често (2 поени)

Г) Секогаш (3 поени)

2. Дали го контролирате она што го правите за да избегнете да го/ја вознемирите или налутите?

А) Не (0 поени)

Б) Понекогаш (1 поен)

В) Често (2 поени)

Г) Секогаш (3 поени)

3. Дали чувствувате дека треба да имате секс со него или неа? Дали тој/таа ве принудува и ве присилува на тоа?

А) Не (0 поени)

Б) Понекогаш (1 поен)

В) Често (2 поени)

Г) Секогаш (3 поени)

4. Дали се плашите да го изразите вашето поразлично мислење/став/верување поради тоа што се плашите од неговата или нејзината реакција?

А) Не (0 поени)

Б) Понекогаш (1 поен)

В) Често (2 поени)

Г) Секогаш (3 поени)

5. Дали вашиот партнер ве критикува или посрамотува пред пријателите, семејството, колегите или некои непознати?

А) Не (0 поени)

Б) Понекогаш (1 поен)

В) Често (2 поени)

Г) Секогаш (3 поени)

6. Дали тој или таа на лут начин проверува што правите и не верува на вашите одговори?

А) Не (0 поени)

Б) Понекогаш (1 поен)

В) Често (2 поени)

Г) Секогаш (3 поени)

7. Дали вашиот партнер е љубоморен и ве обвинува дека имате друга љубовна врска или пак ви префрла вина за нешто што не сте го направиле?

А) Не (0 поени)

Б) Понекогаш (1 поен)

В) Често (2 поени)

Г) Секогаш (3 поени)

8. Дали ви кажува дека ќе престане насилно да се однесува кога вие ќе почнете да се однесувате правилно?

А) Не (0 поени)

В) Да (2 поени)

9. Дали престанавте да ги гледате вашите пријатели и семејството поради однесувањето на вашиот партнер или под негово влијание?

А) Не (0 поени)

Б) Да (2 поени)

10. Дали неговото или нејзиното однесувањето прави вие да чувствувате дека грешите?

А) Не (0 поени)

Б) Понекогаш (1 поен)

В) Често (2 поени)

Г) Секогаш (3 поени)

Погледнете уште прашања, резултатите и препораките, на наредната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар