Тест: Дали мажите навистина се опседнати со секс?

Тест: Дали мажите навистина се опседнати со секс?

Сексуалниот нагон кај мажите е доминантен над другите желби, па поради тоа поголемиот дел од времето кога се будни, тие го поминуваат мислејќи на секс. Ова го тврди професорот Шеридан Симов, чија книга со наслов „На што мисли секој маж освен на секс“, веднаш станала бестселер во Велика Британија, иако помеѓу кориците немало ниедна буква. Заклучокот од неговата 30-годишна работа е дека повеќето мажи примарно се мотивирани исклучиво од сексуалниот нагон.

За да дознаете дали вашиот партнер поголемиот дел од времето мисли на секс, решете го овој тест.

Тест: Дали мажите навистина се опседнати со секс?

1. Планирате излет со шатор за викенд во природа. Што мисли вашиот партнер за тоа?

а) Возбуден е поради авантуристичкиот секс на отворено.

б) Не му се допаѓа викенд во вреќи за спиење и би сакал да останете дома и заедно да уживате во кревет.

в) Се радува што ќе може да се одмори од градската врева за време на викендот.

2. Во кино гледате секси филм:

а) Неговиот поглед е фиксиран на згодните жени на екранот, но рацете му се движат по целото ваше тело.

б) Постојано го врти погледот кон вас.

в) Цело време гледа во часовникот, бидејќи не му се верува дека пропуштил спортски натпревар поради таков филм.

3. Двајцата се враќате порано од работа:

а) Ќе прославите со маратонски секс.

б) После брзиот секс ќе се галите гледајќи телевизија.

в) Ќе започнете заедничко чистење на станот.

4. Дали вашиот партнер некогаш одглумил главоболка или ненадејно кажал дека не е расположен?

а) Не никогаш, секогаш е за акција.

б) Ретко, но се случува.

в) Често, сексот не му е приоритет.

5. Колку често би сакал вашиот партнер да водите љубов?

а) Секој ден.

б) Два до три пати неделно.

в) Кога и двајцата сте расположени за тоа.

Тест: Дали мажите навистина се опседнати со секс?

Резултати:

Најмногу одговори под а):

Вашиот партнер е жив доказ дека мажите засекогаш остануваат деца. Сексот многу често му е поважен од што било друго.

Најмногу одговори под б):

Вашиот партнер го сака сексот, но е способен да размислува и за други нешта и да ужива во нив.

Најмногу одговори под в):

Ова е тип на мажи со ниско либидо, што е ретка појава.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар