Тест: Дали и колку успевате да им одолеете на искушенијата?
Без разлика дали станува збор за диета, алкохол, додворување, непристојни понуди, читање нечиј дневник или пак, одредена шанса за одмазда, сигурно секој од вас во одреден момент од својот живот се нашол во ситуација каде што му било тешко на нешто да одолее. Овој тест може да ви открие колку навистина сте „силни“ во овие ситуации.
Овој тест е многу едноставен за решавање. Земете лист и пенкало и забележувајте ги вашите одговори. На крај, пресметајте дали имате најмногу одговори под а, б или в и откријте дали и колку успевате да им одолеете на искушенијата…
1. Веќе со денови сте на строга диета, но само што ви понудиле парче од вашата омилена торта:
а) Целото парче торта го јадете во 2 залака, решени да продолжите од утре со диетата.
б) Пробувате малку, колку да ви помине желбата.
в) Културно ја одбивате примамливата понуда.
2. Додека се подготвувате да си одите дома, случајно налетувате на дневникот на партнерот или партнерката:
а) Со огромна љубопитност го отворате и почнувате да читате.
б) Ги читате само оние делови каде што ве спомнува вас.
в) Ни на крај памет не ви паѓа да ѕирнете во неговиот/нејзиниот дневник.
3. Автоматот со благо и грицки се расипал и вие можете слободно да земете сè што ќе посакате:
а) Ја користите оваа неочекувана можност со цел да си направите огромна залиха.
б) Го земате само она што ви е потребно и можеби нешто малку за подоцна.
в) Ја повикувате личноста која е задолжена за одржување на автоматот и ѝ ги понудувате парите кои ги должите.
4. На една журка налетувате на бивш дечко или девојка на некој од вашите пријатели кои тие сè уште не ги преболеле. Тој/таа почнува да ви се додворува:
а) Се придржувате до мотото „Што биде некаде биде“ така што го прифаќате флертот и се согласувате да ја поминете вечерта заедно.
б) Танцувате со него/неа цела вечер, но не сакате да одите подалеку од тоа.
в) Веднаш му/ѝ давате до знаење дека неговото/нејзиното однесување воопшто не ви се допаѓа.
5. На паркинг со вашиот автомобил сте удриле во туѓ:
а) Веднаш бегате од местото на злосторот.
б) Оставате порака со вашите податоци само доколку се сомневате дека некој ве видел.
в) Без размислување го оставате вашиот број со извинување.
6. Само што сте завршиле со вечерата во еден ресторан надвор од градот. Во моментот кога решавате да почнете да се подготвувате за одење, келнерот ви нуди жесток пијалак на сметка на куќата:
а) Прифаќате без двоумење.
б) Се обидувате да се сетите колку пијалаци сте испиле во текот на вечерта и сфаќате дека сè уште не сте го надминале лимитот кој сами сте си го поставиле.
в) Љубезно ја одбивате понудата.
7. Во филмот „Непристојна понуда“ еден дрзок богаташ им понудува на еден нов брачен пар милион долари за една вечер со невестата. Што би направиле вие доколку се најдете во ваква ситуација?
а) Одма би прифатиле.
б) Би прифатиле само под услов никогаш повеќе да не го видите.
в) Веднаш би ја одбиле оваа непристојна понуда.
8. Кога купувате во супермаркет:
а) Секогаш купувате и нешто што во тој момент не ви е неопходно, но многу ви се допаѓа.
б) Ви се случува да купите и нешто сосема непотребно.
в) Се држите до листата која однапред сте ја подготвиле.
9. Директорот вам ви препуштил да го казните колегата кој со своето однесување предизвикал штета на вашата фирма. Но, вие со тој колега одамна имате некои нерасчистени сметки. Што ќе направите?
а) Едвај чекате да му се одмаздите.
б) Чувствувате огромно задоволство што токму вам ви се укажала оваа шанса, но сепак сте праведни.
в) Непријатно ви е бидејќи воопшто не сте злопамтило.
10. Претходната вечер сте си легнале многу доцна, но будилникот ве буди бидејќи е време за работа:
а) Го исклучувате и продолжувате да спиете. Ќе доцните на работа, но ќе смислите некое добро оправдување.
б) Останувате во кревет уште половина час, уверени дека доколку подоцна побрзате, сепак ќе стигнете на време.
в) Скокате од кревет, се туширате и веднаш се расонувате.
11. Кога би ви се укажала шанса да го изневерите вашиот партнер или партнерка:
а) Ќе ја искористите бидејќи тоа не значи дека сте престанале да го/ја сакате.
б) Сè зависи од тоа во каков однос сте моментално со него/неа.
в) Ни на крај памет не ви паѓа да ја загрозите вашата врска поради моментален флерт.
12. Излегувајќи од продавница сфаќате дека продавачката ви вратила поголема сума пари отколку што требало:
а) Воопшто не размислувате да се вратите назад.
б) Земате дел од кусурот, останатото го враќате на касиерката.
в) Вишокот пари го ставате во кутијата за добротворни цели.
Одговори:
Најмногу одговори под А – Сакате предизвици и ризици
Вашиот живот е возбудлив и преполн со предизвици на кои едноставно не можете да им одолеете. Често запаѓате во многу ризични ситуации, бидејќи моменталното задоволство ви е поважно од стабилноста и сигурноста. Никогаш не се каете и ретко размислувате за последиците на вашето однесување. Зарем не мислите дека е време да станете посериозни?
Најмногу одговори под Б – Лесно наоѓате оправдување
Ретко си дозволувате да избегате од вашиот јасно зацртан пат, но кога тоа ќе се случи максимално се трудите да не претерате. Благодарение на вашето изразено чувство за етика, како и на силната волја, вие ретко влегувате во ситуации поради кои подоцна би се каеле. Но, кога тоа ќе се случи лесно наоѓате оправдувања за вашите постапки. Сепак продолжете да внимавате да не претерувате.
Најмногу одговори под В – Се казнувате самите себеси
Вашето однесување е беспрекорно. Вие сте едни од малкуте личност кои можат да се пофалат дека никогаш не се доведуваат во ризични ситуации. Доколку сепак ви се случи да подлегнете дури и на безопасно искушение, вие ни малку не уживате бидејќи ве прогонуваат длабоки чувства на вина. Не бидете толку крути. Малку забава никогаш не е на одмет.