Текст за нескротливите жени кои се предодредени за нешто поинакво
Ова е за одлучните, истрајните божици кои ја бараат вистината и на кои не им е страв да си ги извалкаат рацете. За прекрасните дами кои сакаат да ја чувствуваат земјата под своите боси стапала. Креативни, темпераменти жени кои ги живеат своите соништа не плашејќи се од дожд или сонце. За мудрите жени кои одново и одново одбираат да го следат своето срце.
Поддржувајте се со секој дел од вашето битие бидејќи вие сте исти. Вие сте силни и збунувачки, комплицирани и моќни, волшебни и возбудливи. Вие сте предодредени за многу повеќе.
Никогаш нема да бидете среќни во чиста кујна, со совршена пунџа на главата и внимателно нанесено руменило кое ја маскира лажната насмевка. Играјќи улога на совршена сопруга, или совршена девојка, или совршена мајка. Вашите срца би се згушиле. Вашата душа би викала.
Никогаш нема да ве сретнат работејќи обична работа во канцеларија, гледајќи како часовникот полека отчукува додека вашата душа се гуши од зуењето на светилките.
Никогаш не би биле среќни пиејќи шампањ и зборувајќи за висока мода, трикови за слабеење… Никогаш не би разменувале рецепти за ручек или разговори за тоа како да освоите некој. Вам не ви е грижа за ништо од тоа. Вие сакате да зборувате за душа, за вистина, за магија, за смрт, за борба, за болка. Сакате да станете и да го почувствувате шепотот на ветрот.
Можеби долго време сте се бореле против себе. Сте се обидувале да ги пресечете вашите крилја и да бидете она што би „требало“. Но не сте успеале. Вам ви е судено да се соедините со месечината, да плачете со дождот, да растете со плимата и осеката и да сјаете со секој сончев зрак.
Вие сте предодредени за трчање и играње по преполните улици. Вие сте предодредени да создавате уметност која ги храни и отвора тажните и затворени срца. Вашите соништа и визии и судбини секогаш мора да се на право место.
Вие не сте овде да се занимавате со мали и незначајни работи, да бидете пристојни, љубезни и пластични кукли со безживотни срца. Вие сте овде да ловите соништа, да стоите во пламенот на вистината, и вие го знаете тоа.
Отфрлате сè што ве гуши, сè што не би требало да биде во вашиот живот. Му се спротивставувате на перењето на мозокот, толерирањето непотребни работи, она што ја убива вашата душа. Вие имате направено договор со вашето срце дека ќе ја слушате вашата внатрешна искра.
Вие ветувате дека ќе ја почитувате личноста која навистина сте. Ќе бидете светлина, љубов и светска моќ. Ќе му овозможите на вашиот дух да лета највисоко. Вие сте предодредени за толку многу. Вашите соништа, визии и судбини мора да бидат на прво место. Не дозволувајте да ви ги скратат крилјата. Не дозволувајте вашиот дух да овене во безбојно постоење. Не дозволувајте вашата судбина да лежи мртва и заспана. Не го живејте животот кој би „требало“. Заборавете го тој збор. Живејте го животот кој прави вашето срце да бие посилно. Пронајдете се себеси. Откријте ги вашите дарови. Споделете ја вашата магија со светот.