Те молам врати ми се: Како да дознаете дали бившиот ве сака назад?

Те молам врати ми се: Како да дознаете дали бившиот ве сака назад?

Автор: Моника Димитровска

Во кои од овие потези најмногу го препознавате?

  1. Ви се јавува многу често (А)
  2. Се распрашува како ви оди (В)
  3. Не престанува да ви дели комплименти (Б)
  4. Ви се јавува/пишува без да има нешто важно да каже (А)
  5. Ви пишува пораки на социјалните мрежи (А)
  6. Контактира со вашите пријатели и семејство (В)
  7. Ги избегнува излегувањата со заедничките пријатели (В)
  8. Постојано ве сретнува случајно (Б)
  9. Ве потсетува на убавите заеднички моменти (Б)

Те молам врати ми се: Како да дознаете дали бившиот ве сака назад?

Проверете какви се неговите размислувања за вашата мината врска и неговите ставови за вашата иднина според групата одговори кои најмногу одговараат на вашата ситуација.

А. Проверува колкави му се шансите да се смирите

Со доцните јавувања во ноќта само за да провери како сте, што правите и секако, ако може да дознае со кого сте, тој сака да знае како и дали ви оди без него, дали се сè уште сте сингл и дали повторно има место за него.

Б. Се обидува да ве убеди дека сте родени еден за друг

Со постојаните случајни средби и потсетувања на убавите заеднички моменти поминати заедно, сфаќате дека единствено нешто што тој се обидува да направи е да ве врати назад! Тој е толку очаен што нашол време и да види каде се движите откако не сте заедно за да може да предизвика случајна средба на која ви дели комплименти за тоа како изгледате поубаво од кога било и како не му се верува што пропуштил!

В. Упс… и тој сака да продолжи понатаму, без вас

Со тоа што сака да дознае како ви оди животот по раскинувањето, ви дава до знаење дека сè уште се грижи за вас и дека иако ви се разминаа патиштата, не значи дека не може да останете во контакт. Одржувањето блиски контакти со вашето семејство ја означува почитта која тој ја чувствува кон вашите родители и браќа, со кои не сака да си ја расипе врската.

Откако раскинавте тој ги избегнува излегувањата со заедничките пријатели само за да не ве повреди и се обидува да го скрие фактот дека почнал да излегува со други девојки.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар