Тажна венчавка со многу солзи: Кажал „да“, а потоа починал
Роуден Гоу починал само 10 часа откако пред свештеникот ѝ кажал да на својата идна сопруга Лејзел.
Ова можело да биде една обична љубовна приказна за двајца заљубени кои сакале да ја крунисаат својата љубов со брак, оваа година во јули. Тие имале желба да ја направат венчавката во овој период бидејќи Роуден е тогаш роден, па сакале да прослават два среќни настани одеднаш – навршувањето 30 години и вечната љубов. Тие инаку веќе живееле заедно и имале двегодишна ќерка.
Но, на крајот на мај на Роуден му бил дијагностициран рак во напредна фаза, после што му останало многу малку време за живот. Тој буквално пропаѓал од ден на ден, бргу завршил на болничка постела и тогаш единствена желба му била да го каже најважното „да“ во својот живот опкружен со своите најблиски.
Неговите родители успеале да ја организираат свеченоста за само 12 часа, а невестата стоела покрај својот сакан кој не можел да стане од кревет, која после 10 часа веќе станала вдовица. На најтажната венчавка во светот се радувала само нивната ќерка, која незнаејќи што се случува гордо позирала со бидермаерот на нејзината мајка.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.