Тату артист со помош на 70 непознати личности направил една неверојатна „движечка тетоважа“

Тату артист со помош на 70 непознати личности направил една неверојатна „движечка тетоважа“

Одвреме-навреме можеме да видиме една тетоважа што ја делат двајца, најчесто пријатели, браќа и сестри или парови, но повеќето од нив се посебни парчиња. Унгарскиот тату артист Балаз Берчени, сакал да го промени ова, и да почне нешто сосема ново во светот на тетоважите. Па, со помош на група странци, тој го создал проектот наречен „Живот на ружа“.

„Претходната година летав накај Лондон и идејата едноставно ми дојде“, објаснува тој. „Мислам дека најмногу бев инспириран од краткиот анимиран филм на Коби Брајант – ‘Драг баскет’. Сакав да раскажам приказна за ружата, бидејќи таа е прекрасен симбол или метафора на љубов.“

Тој без сомнение успеал во својата идеја, бидејќи финалниот резултат е едноставно неверојатно. Тој исто така и ги поврзал овие 70 странци, кои засекогаш ќе имаат посебна врска. Погледнете како изгледа неговата идеја на следниот гиф.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар