Татковци се натпреваруваат во редење житарици на своите деца

Татковци се натпреваруваат во редење житарици на своите деца

Понекогаш можат да се видат навистина чудни работи на Интернет. Една од нив е и новиот предизвик кој можете да го најдете како #CheerioChallenge ширум социјалните мрежи каде што татковци од целиот свет се обидуваат да наредат што повеќе житарици на своите деца. Сè ова започнало на блогот „Life of Dad“ каде што еден татко објавил фотографија од своето бебе кое спие со 5 житарици на своето носе. Под оваа објава пишувало: „Можете ли да наредите повеќе? Докажете кога ќе го сторите тоа“ и под неа веќе има повеќе од 10.000 коментари и стотици фотографии од дечиња со житарици врз нив. Па, колку житарици можете да наредите вие врз вашето дете?

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар