Татко за своите деца дизајнира неверојатно детални костими од познатите ликови на Дизни

Татко за своите деца дизајнира неверојатно детални костими од познатите ликови на Дизни

Модниот дизајнер Нефи Гарсија го користи својот талент за да создаде неверојатни костими за своето семејство. Тој ја започнал својата кариера произведувајќи фустани за високата мода, но тој фокус се префрлил кон неговите деца. Мината година, откако фамилијарно го посетиле Дизниленд, неговата 6-годишна ќеркичка Лили го прашала дали може да ѝ направи костум кој ќе може да го носи додека е таму.

Татко за своите деца дизајнира неверојатни детални костими од познатите ликови на Дизни

За пригодата, Нефи ѝ направил костим од Добрата вила користејќи разни остатоци од материјали. Како што шетале низ паркот, многу луѓе биле воодушевени од нејзиниот фустан па дури и ѝ побарале автограм.

„Наредниот ден добив нарачка за повеќе од 10 костими. Сфатив дека модната индустрија повеќе не е за мене“, вели Нефи.

Со секој дизајн тој се труди да воведе нешто ново и необично како што е случајот со еден фустан кој содржел и превез што изгледал како да е држен од сини птици кои „летаат“ со секое движење.

Татко за своите деца дизајнира неверојатни детални костими од познатите ликови на Дизни

Така, Нефи ја пронашол својата вистинска кариера и доследно на неговата поранешна работа, за да ги изработи костимите тој користи високо квалитетни материјали, како органска свила, и го практикува истиот менталитет со кој работел и за високата мода. Тој вели дека му се потребни околу 4-6 часа работа за да направи еден костим кој варира од принцези и крзнени животинки до ликовите од „Војна на ѕвездите“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар