Татко составил список со прашања за дечкото на својата ќерка за да утврди дали е добар „материјал“ за зет

Татко составил список со прашања за дечкото на својата ќерка за да утврди дали е добар „материјал“ за зет

Запознавањето со родителите понекогаш може да биде непријатно, особено ако сте дечко и го запознавате таткото на вашата девојка. Алеиша Стабли од Велика Британија објавила фотографија на Твитер од интересниот список со прашања што ги составил татко ѝ за нејзиното момче. Тој ги составил овие прашања за да види дали нејзиниот дечко ги исполнува барањата за да стане негов зет.

Татко составил список со прашања за дечкото на својата ќерка за да утврди дали е добар „материјал“ за зет

„Првпат го донесов Енди кај моите родители, а татко ми му го даде овој список“, напишала Алеиша покрај фотографијата од списокот со прашањата.

Прашањето број 5 особено се истакнувало…

Погледнете што сè сакал да дознае нејзиниот татко:

1. Каде се гледаш себеси за пет години?

2. Какви квалитети гледаш кај мојата ќерка што те тераат да мислиш дека таа ќе биде добра сопруга?

3. Кои се твоите намери со ќерка ми?

4. Колку ќе бидеш добар и продуктивен за твојата сопруга и за твоето семејство?

5. Каква е твојата историја со порнографските страници?

6. Во кои активности најмногу уживате вие двајцата?

7. Дали имаш лош темперамент?

8. Со колку девојки си бил пред мојата ќерка?

9. Дали ќе можеш да се грижиш за мојата кошница со пчели додека јас сум на годишен одмор?

Многумина биле изненадени од списокот на нејзиниот татко и на Алеиша ѝ пишувале смешни и хумористични коментари. Повеќето девојки се согласиле дека ист таков список може да направи и нивниот татко.

Татковците се навистина посебни. Погледнете ги овие фотографии од ранчето кое еден татко го направил за својот син за да заштеди пари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар