Татко побарал од интернет заедницата да ја фотошопира неговата 6-неделна ќерка откако починала

Татко побарал од интернет заедницата да ја фотошопира неговата 6-неделна ќерка откако починала

Малата Софија починала само 6 недели откако се родила. Целиот свој краток живот го поминала во болница борејќи се со хепатитен хемангиом на црниот дроб. Единствените фотографии што ги имал нејзиниот татко Нејтан Стефел биле со медицински цевки кои целосно ја прекривале. Затоа ги замолил корисниците на Редит да ги отстранат во Фотошоп.

1-tatko-pobaral-od-internet-zaednicata-da-ja-fotoshopira-negovata-6-nedelna-kjerka-otkako-pochinala-kafepauza.mk

 

„Фотошоп молба: Мојата ќерка неодамна почина после долга битка во детска болница. Бидејќи таа беше во болница целиот свој живот немавме можност да направиме фотографија од нејзе без цевките. Може некој да ги отстрани цевките на оваа фотографија?“

2-tatko-pobaral-od-internet-zaednicata-da-ja-fotoshopira-negovata-6-nedelna-kjerka-otkako-pochinala-kafepauza.mk

Заедницата на Редит одговорила масовно, искажувајќи сочувство и праќајќи различни интерпретации на фотографијата од Софија. Некои артисти дури направиле цртежи и слики од малата Софија. Нејтан добил стотици одговори, сите од луѓе кои сакале да одвојат малку од своето време за да му помогнат на Стефел во процесот на жалење за својата загуба.

Оваа трогателна приказна нѐ потсетува дека има многу добрина и сочувство во светот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар