Татко ја одвел семејната мачка на фризер за животни и ја вратил дома со фризура како хармоника
Не постои човек на оваа планета што барем еднаш во животот не добил хорор фризура – им се случува дури и на најдобрите од нас! Но, некои фризури се полоши од другите и токму тоа ги прави истовремено и урнебесни. Особено кога станува збор за новата фризура на вашето милениче. Токму тоа и му се случило на Оливер – сладок мачор кој станал жртва на лоша фризура! Приказната беше споделена од страна на Кејтлин на Твитер.
„Татко ми им кажал да му направат фризура како тигар за да се пошегува со мајка ми“, рекла таа. „Целото семејство прсна во смеа кога го виде Оливер, но мајка ми не беше баш среќна.“
Мајката ѝ испратила порака со слика од Оливер на Кејтлин која гласела:
„Ќе го убијам татко ти!!! Тој го однесе Оливер на фризер за животни и вака го врати. Сериозно ќе повратам. Многу сум лута! Чекав 2 месеца за ова, што по ѓаволите? Не можам ни да го гледам Оливер. Изгледа ужасно!“
Па, што мислите вие? Дали фризурата на Оливер е урнебесна и брилијантна, како што мисли целото негово семејство или се согласувате со мајката која е ужасната од целата шега?
Еве и една пред и потоа фотографија, за споредба! 🙂