Татко ѝ одржува лекција на својата ќерка на многу смешен начин
Скот Мекинтош од Јута се одлучил на многу интересен потег за да ја научи својата ќерка на лекција. Тој одлучил да ѝ покаже како се чувствува кога ќе ја види дека носи прекратки шорцеви, за таа да сфати дека тоа не е слатко. Така тој облекол жешки пантолончиња на една семејна вечера во ресторан.
Својот аутфит го надополнил и со маичка „Најдобриот татко што постои“, а фотографијата што ја споделила неговата жена Беки на својот блог, инстантно станала хит по социјалните мрежи.
„Во нашето семејство имаме прилично цврсти ставови кога станува збор за скромноста. Јас верувам дека начинот на кој се облекуваме испраќа порака за нас и влијае на тоа како се однесуваме и како останатите се однесуваат со нас.“ – напишал Скот, инаку татко на седум деца
Тој вели дека на овој потег се одлучил кога неговата ќерка не сакала да ги пресоблече кратките пантолони кои ги одбрала за одење на поотмена вечера во ресторан. Додава и дека неговата фината успеала, бидејќи на неговата ќерка ѝ било срам да влезе со татко ѝ така облечен.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.