Татко го фотографира неговото бебе како прави „машки“ работи, а резултатот е урнебесен

Татко го фотографира неговото бебе како прави „машки“ работи, а резултатот е урнебесен

Малиот Рајан бил роден 9 недели порано и тежел едвај 1,5 килограми. Поминал 6 недели на интензивна нега, што за неговите родители била цела вечност. Неговите родители правеле интересни фотосесии со нивната ќерка, а сакале да го направат тоа и со Рајан.

„Се шегувавме дека не е предвреме роден, туку дека е напреден. Па, добив идеја да го фотографираме како прави ‘машки’ работи.“

За секоја фотографија биле потребни 15-20 минути. Најголемиот дел од работата било местењето на сцената и дополнителното уредување. Таткото прво барал облека и предмети за фотографиите, потоа ги местел сцената и светлото. Сопругата често му помагала така што го држела Рајан за да изгледа како самиот да прави нешто.

„На луѓето им се допаднаа овие фотографии – па имаше многу разочарувања кога на серијалот му дојде крај. На повеќето од нив фотографиите им беа смешни, но имаше и неколкумина кои се плашеа за безбедноста на Рајан. Секогаш им објаснував дека опасноста доаѓа само од Фотошоп и дека тој секогаш беше држен и надвор од опасност. Ме интересира што ќе мисли Рајан за фотографиите 18 години од сега кога навистина ќе порасне.“

Таткото има и совет за родителите на предвреме родените деца:

„Моите три совети за родителите со предвремено родени деца се да бидат трпеливи, да бидат позитивни и да бараат поддршка.“

Бричење

Татко го фотографира неговото бебе како прави „машки“ работи, а резултатот е урнебесен

Косење на тревата

Татко го фотографира неговото бебе како прави „машки“ работи, а резултатот е урнебесен

Чистење на лисјата како шампион

Татко го фотографира неговото бебе како прави „машки“ работи, а резултатот е урнебесен

Партија покер со момците

Татко го фотографира неговото бебе како прави „машки“ работи, а резултатот е урнебесен

Цепење дрва за огрев

Татко го фотографира неговото бебе како прави „машки“ работи, а резултатот е урнебесен

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар