Талентирана уметница го претворила автомобилот на нејзиниот сопруг во вистинско ремек-дело со помош на перманентен маркер
Еден човек ја замолил својата сопруга, уметница, да покрие неколку гребаници на браникот од неговиот автомобил Nissan Skyline GT-R. Но, кога го видел нејзиниот неверојатен порив на креативност, решил да не ја запира сопругата и продолжил да гледа како нејзиниот уметнички ентузијазам си го прави своето. Освен тоа, среќниот сопственик на автомобилот тврдел дека и онака никогаш не му се допаѓала сивата боја на автомобилот.
Ова ремек-дело кое ќе ве остави счудоневидени е резултат на 100 часа работа и 100 часа искажување креативност од страна на еден уметник. Сигурни сме дека автомобилот привлекува големо внимание по улиците. А ова е и одлична идеја за да се заштити од крадци, зар не?
Во продолжение погледнете ги неверојатните шари со кои е украсен автомобилот, па којзнае, можеби ќе ве инспирира и вие да ја разбудите вашата креативна страна.